41. издание на Скопското културно лето со нов облик

692

„Дирекцијата за култура и уметност“ на Скопје преку соопштение до мдиумите информира дека  и оваа година под покровителство на Град Скопје и со поддршка од Министерството за култура на Република Македонија се подготвуваат за четириесет и првото издание на  фестивалот „Скопско лето“.

Во очекување на официјалните протоколи и препораки на здравствените и државните оваа година, “Скопско лето” ќе започне нешто подоцна, кон крајот на месец јуни односно почетокот на месец јули. Како и да е, пред нас повторно ќе бидат вечери исполнети со музика, театар, филм, изложби. За конечниот изглед на овогодишната програма наскоро ќе информираме – се вели во соопштението. Но, “Скопско лето” ќе го задржи својот основен белег, одбележувањето на првиот ден на летото и Светскиот ден на музиката, односно Празникот на музиката, благодарејќи на Францускиот институт во Скопје кој што преку програмата која ја подготвува ќе потсети на овој значаен ден, кој од 1982 година, кога беше инициран во Франција, е неизоставен дел од нашата соработка и од летното културно живеење.

Како секоја година, и годинава Празникот на Музиката ќе се одржи на 21 јуни, првиот ден на летото – долгоденица. Нема ништо поубаво од музиката за да ни почне летото!

Францускиот институт во Скопје, Француските алијанси во Тетово и во Битола и “Скопско лето”, ви предлагаат музичка средба в недела, а истата ќе можете да ја проследите од дома, на Facebook страницата на “Скопско лето”.

Во рамките на овој онлајн Празник на музиката ќе имате можност да ги слушнете:

–фракофонски песни во изведба на “Фолтин”;

–Тома Дитрон и неговата најнова музичка нумера “C’est si bon” што ја изведува со Дијана Крал и Иги Поп;

–композицијата “Кога го бркаме волкот” на младиот композитор Ерван Шандон, во изведба на музичкиот оркестар “ФАМЕ’С”.

Останете поврзани, кликнете “учествувам” на онлајн настанот и ќе добиете нотификација кога ќе почне настанот.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.