70 години прилепски театар со премиера на претставата “Лажговци“ во режија на Коле Ангеловски

191

Прилепскиот театар одбележува 70 години постоење, за жал иако во моментов е еден од најреномираните театарски ансамбли во Македонија со бројни домашни и меѓународни награди претстави кои ги гледале  над 1,5 милион луѓе, условите во кои денес се работи се можеби полоши и од тие кога за прв пат се кренала завесата за претставата „Кир Јања“ во 1950 година. Актерите се веќе скептици за празните ветувања на политичарите дека Прилеп ќе добие нов театар.

Оттаму со јасен став дека иако по сите ветувања дека Прилепскиот театар ќе добие нова зграда сепак тоа не с е случило, изградбата била тргната од програма уште пред пет години а потоа никогаш не е ставена сепак сеуште с ечека на реализација на тој проект.

Сегашната зграда е вистинска руина. Глувци шетаат на сите страни, умираат скриени по ќошињата, кога врне често пати знае и да протече вода во голем дел од просториите. Дува од сите страни. И актерите се разочарани што немаат пристојни услови за работа. Но режисерот Ангеловски сепак си најде утеха, кој овие месеци работеше на новата претстава  па во негов дух и стил вели: „Ете така кога ќе пројдеш низ тие ходничињата, пред нешто што се вика гардероби, кога ќе помирисаш од оваа прашина што ја има насекаде, ама течело, фурало, во овој театар има многу атмосфера“.

Актерите се надеваат дека еден ден ќе заиграат на нова сцена во нивниот театар и бараат и конечно театарот да стане посебен правен субјект, а не да биде во состав на Центарот за култура. Тие сметаат дека низ годините и со нивната работа заслужиле  да ги добијат и правно приматот на театар. Тоа што го носат тие како уметници никој не може да им го земе, се гласни во размислувањата иставовите.

За 7 децении постоење идната недела ќе се изведе премиера на претставата „Лажговци“ на Коле Ангеловски, ќе се прижат уште 5 други претстави, а актерите ќе изведат и музичко шоу со групата The Hounds.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.