14 февруари 1950- Родена Јосипа Лисац хрватска естрадна ѕвезда

655

Јосипа Лисац (14 февруари 1950 година ) — хрватска пејачка која во 60–тите била член на групата Златни Акорди. Нејзиниот прв солистички албум Dnevnik jedne ljubavi бил издаден во 1973 година, и критиката го смета за едно од позначајните остварувања во хрватската музичка историја. Во 1987 Лисац конкурирала на ЈУговизија со цел да ја претставува Југославија на Евровизија, каде со песната „Gdje Dunav ljubi nebo“ завршила деветта од вкупно 24 натпреварувачи, но песната стана безвременски хит.

Освен рок нумери, Лисац пеела и босански севдалинки и хрватски божиќни песни. Била почитувана на југословенската музичка сцена поради силниот глас и автентичниот моден стил.

Сепак нејзиниот најголем хит е песната „Магла“

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.