Ацо Шопов- сто години од неговото раѓање!

86

Википедија:

Ацо Шопов (Штип, 20 декември 1923 — Скопје, 20 април 1982) — македонски поет и преведувач, член на МАНУ и еден од основоположниците на современата македонска поезија.
Шопов е еден од основоположниците на современата македонска книжевност. Неговата прва збирка Песни (1944) e првата книга на македонски јазик објавена во слободна Македонија. Тој бил претседател на Друштвото на писателите на Македонија ДПМ и негов член од основањето во 1947 г., прв претседател на Советот на фестивалот Струшки вечери на поезијата (1962 г.), претседател на поранешниот Сојуз на книжевните преведувачи на Југославија, претседател на Сојузот на писателите на Југославија, член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) од нејзиното основање (1967), член на Македонскиот ПЕН центар[мртва врска]. Основач, во 1951 г., и прв директор на издавачката куќа „Кочо Рацин“, а потоа долгогодишен директор на издавачката куќа „Македонска книга“, Ацо Шопов бил амбасадор на СФРЈ во Сенегал (1971- 1975) и претседател на Републичката комисија за културни врски со странство (1975-1979). Шопов бил уредник или главен и одговорен уредник на списанијата: „Нов ден“, „Млад Борец“, „Иднина“, „Современост“, „Хоризонт“ и сатиричниот весник „Остен“. Бил голем франкофон.

Рани години

Роден во Штип, на 20 декември 1923 година, Ацо Шопов го поминал детството во родниот град, со браќата Димитар (1920-1972) и Борислав (1927-1996), татко му Ѓорѓи Зафиров-Шопов (1893-1944) и мајка му Костадинка Русева (1897-1942). Во Штип го завршил основното училиште и гимназијата.
За време на НОБ

Ацо Шопов како партизан
Уште како гимназијалец, во 1940 година, Ацо Шопов станал член на СКОЈ, а две години подоцна, се вклучил во антифашистичката борба, во редовите на Третата македонска ударна бригада. Член на истата бригада била и неговата љубена, Вера Јоциќ, која загинала на 22 мај 1944 година и на која Шопов ѝ ја посветил прочуената песна „Очи”.
По војната
Ацо Шопов, претседател на Сојузот на писателите на Југославија, во Берлин, 1970 година
Ацо Шопов, претседател на Сојузот на писателите на Југославија, во Берлин, 1970 година
По војната, Ацо Шопов матурирал во родниот град и заминал за Скопје, каде ги завршил студиите на Филозофскиот факултет, на отсекот чиста филозофија. Подоцна, работел како уредник во литературните списанија и весници Нов ден, Млад борец, Иднина, Хоризонт, Современост, како главен уредник на сатиричниот неделник Остен, што го поттикнало да објави серија сатирични песни, подоцна групирани во збирката Јус-универзум (1968).
На 30 септември 1958 година, Ацо Шопов се венчал со Светлана Шопова на која ѝ е посветена песната „Клошарска песна на поетот“.
На 18 август 1967 година, Шопов бил избран како еден од првите членови на Македонската академија на науките и уметностите, а една година подоцна и за дописен член на Српската академија.
Ацо Шопов бил добитник на највисокото југословенско признание, наградата „АВНОЈ“ (1970), како и на литературните награди: „Кочо Рацин”, за збирките Слеј се со тишината (1956) и Гледач во пепелта (1970); „11 октомври”, за преводот на Хамлет (1960) и за животно дело (1981); „Змаеви детски игри”, за препевот на песните на Јован Јовановиќ-Змај (1967); „Браќа Миладиновци”, за збирката Песна на црната жена (1977).
По долги години посветени на издавачката дејност, претежно како директор и главен уредник на „Македонска книга“, во 1971 година, Шопов бил именуван за амбасадор на Југославија во Сенегал, земја која го инспирирала за збирката Песна на црната жена. За време на престојот во Африка, тој го превел изборот од поезијата на сенегалскиот претседател, Леополд Седар Сенгор, добитник на „Златниот венец” на Струшките вечери на поезијата, во 1975 година. Истата година, Шопов бил именуван за претседател на Републичката комисија за културни врски со странство, но три години подоцна, болеста го присилила да го напушти активниот живот.

Преведување:
Скопје: Кочо Рацин, 1958. 116 стр. (Второ издание во 1967, Македонска книга и Детска радост).
Пјер Корнеј, Сид. Скопје: Кочо Рацин, 1958. 131 стр. (Повторни изданија: 1969, 1970, 2001).
Григор Витез, Песна на чучулигата. Скопје: Култура, 1959. 51 стр.
Вилијам Шекспир, Хамлет принцот дански. Скопје: Кочо Рацин, 1960. 210 стр. (Повторни изданија : 1966, 1971, 1981, 2002 различни издавачи).
Мирослав Крлежа, Избор. Скопје: Кочо Рацин, 1963, 237 стр. (со Тодор Димитровски).
Шекспир (Ромео и Ѓулиета. Хамлет. Отело). Скопје: Кочо Рацин, 1964. 130 стр. (со Блаже Конески).
Јован Јовановиќ-Змај, Избор. Скопје: Кочо Рацин, 1965. 122 стр.
Григор Витез, Морето и боите”. Скопје: Кочо Рацин, 1965. 27 стр. (со Глигор Поповски и Васил Куноски).
Изет Сарајлиќ, Поезија. Скопје: Кочо Рацин, 1965. 56 стр.
Драгутин Тадијанивиќ, Вечер над градот. Љубљана, Државна заложба; Скопје, Македонска книга; Белград, Просвета; Загреб, Младост, 1966. 128 стр.
Вилијам Шекспир, 60 сонети. Скопје: Македонска книга, 1968. 64 стр.
Леополд Седар Сенгор, Поезија. Скопје: Нова Македонија, 1975. 250 стр. (со Влада Урошевиќ и Георги Сталев).
Одбрани дела, Скопје: Мисла, 1976 (кн. 3, 4 и 5).
Шопов во светот, Шопов од светот / Избор и предговор Милош Линдро. Скопје: Македонска книга, 1994 (Избор; кн. 2).

Награди

Носител на Партизанска споменица од 1941,
Орден за храброст,
Орден братство-единство од I ред,
Орден на Републиката со сребрен венец (1961),
Орден на трудот со црвено знаме (1969),
Орден заслуги за народ со златна ѕвезда (1974)

Ацо Шопов бил добитник на повеќе награди, како:
Наградата „Кочо Рацин“ за збирката „Слеј се со тишината“ (1956)
Наградата „Кочо Рацин“ за збирката „Ветрот носи убаво време“ (1957)
Наградата „11 Октомври“ за препевот на „Хамлет“ (1960)
Наградата на Змаевите детски игри за препевот на песните на Јован Јовановиќ-Змај (1967)
Награда „АВНОЈ“Наградата „АВНОЈ“ (1970)
Наградата Кочо Рацин за збирката „Гледач во пепелта“ (1970)
Осмоноемвриска награда (1974 г.)
Наградата „Браќа Миладиновци“ за збирката „Песна за црната жена“ (1977)
Наградата „11 Октомври“ за животно дело (1981)

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.