Моника Црнокрак од Бејрут се врати со круна за убавина!

95

Во Бејрут, Либан се одржа изборот за Мис на Европа за 2023 година. Нашата држава ја претставуваше 24 годишната убавица Моника Црнокрак која успеа да ја освои титулата Мис Фотогеничност (Miss Photogenic), во конкуренција на 35 девојки од исто толку европски држави.
Победничка, односно Мис на Европа за 2023 година е претставничката на Италија, а Прва придружничка е кандидатката од Русија.
Изборот се одржа во театарската сала на Casino Du Liban во Бејрут, во организација на Style Events Organization од Либан, која традиционално веќе со години овој најголем европски избор за убавина го одржува во Бејрут.
“Во Либан поминавме прекрасни две недели со другите кандидатки од цела Европа во подготовки за големото финале, но и со многу забави, дружење и прошетки низ целиот Либан, кој на мене остави навистина фантастичен впечаток. Пресреќна сум поради титулата која ја освоив за мене, Македонија и Модното студио Црнокрак, ова e едно прекрасно искуство кое сигурно ќе го паметам цел живот”, изјави веднаш по финалето од Бејрут нашата Моника, која е ќерка на Светлана и Мики Црнокрак, сопствениците на Модното студио “Црнокрак”, кое ја поседува лиценцата за нашата држава за овој најголем европски избор за убавина.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.