Мајска астро приказна – Аморовите стрели ќе ги допрат лавовите и вагите а добри финансии ќе ги израдуваат овновите

437

Астро приказната во најубавиот  пролетен месец -мај, отприлика ќе изгледа вака. Небото ќе ги олабави стегите, стресовите, исчекувањата и немирите присутни во изминативе четири месеци, а да не ги зборуваме изминатите 12.

Мај на небото ни носи четири планети во земјениот знак Бик (Меркур, Сонце, Венера и Уран), иако со разни позиции. Планетата учител Сатурн во Водолија, одвреме навреме не потсетува на лекциите кои треба да  ги донаучиме, додека Јупитерот храбро го одмина и се подготвува за кратко да влезе во Риби па да се врати во неодоливата Водолија.

Овен – Припадниците на овој знак ќе се израдуваат со драстично  подобра финансиска сосотојба, заради журката на планетите во нивниот знак. Подгответе се и направете си список на желби кои ќе може да си ги исполните конечно. Овој пат не штедете.

Бик -Со сите веќе погоре спомнати четири знака во својот планетарен простор, имаат позитивни планетарни вибрации со опасност од енормно конзумирање на било што (храна, цигари, алхохол, трошење на пари или енергија).

Близнаци– Конечно ќе ја истрчаат најбрзата трка досега во полето на завршетоците. Се што е почнато ќе брзаат, со право да го завршат и ќе успеат за на целта да ги соберат плодовите од работата.

Рак– Припадниците на овој знак и овој мај ќе треба да поработат на егото  и да сфатат дека и други треба да доминираат а не само тие. Им претстои борба преку Марсот со своето изразено ЈАС.

Лав-  На Лавовите ѕвездите за љубов конечно им се наместија па ќе процветаат оваа пролет ако досега веќе тоа не им се случило. Лавовите ќе си ја најдат љубовта на улица, во автобус, на работно место, во маркет, на некоја летна тераса..едноставно е тука околу нив.

Девица – Припадниците на овој знаќ  ќе ги искористат сите можности за работа и успех во истата. Нема да се штедат овој пат, онака штедливите девици.

Вага – Ваги! Ќе уживате целосно предадени на љубовта и ништо друго нема да ви е потребно. Дури ќе ги изненадите и најблиските што ќе се откажувате од вашите вообичаени потреби.

Шкорпија– Е, драги Шкорпии, не само во мај туку и целата година ѕвездите ви даваат можности за напредок во работата.

Стрелец- Припадниците на овој знак ќе уживаат во две најважни работи во животот а тоа е кариерата и патувањата. Ќе дишат со полна плуќа после долго време

Јарец- Покрај работата ќе бидат окупирани и нема да престанат да трагаат по среќата која ќе ја бараат и овој мај во секој можен дел од животот. Овој пат успехот е на нивна страна.

Водолија- ќе уживаат во работата ставајќи темел на долгорочен успех. Секогаш пред времето ,веќе се подготвувате за отварањето на нови можности на сите полиња во втората половина на годината.

Риби – Рибите ќе се опседнати со кариера и ќе се продружат на стрелците во патувањата. Тие веќе се подготвуваат за следната 2022 година, кога најсреќната планета Јупитер ќе биде во нивниот знак.

Се на се, мај месец  ветува поспокојни денови секако благодарејќи на транзитот на Сонцето, Венерата и Меркурот во Бик ,а кога ќе ја добијат потребната подршка од Сатурнот во Водолија и Јупитерот пред него во истиот знак, можеме да очекуваме и убави настани и резултати.

Каде ќе се активираат позитивните вибрации на планетите зависи од тоа во кое поле ви се сконцентрирани транзитите и нивните позиции.

Сепак внимавајте на воинствениот Марс: малку повнимателно во сообраќај , избегнувајте домашни кавги, барајте го своето во наследните процеси но не се трошите многу, понекогаш попуштте во докажувањето со колегите.

Инаку се чини дека љубовните стрелички ќе ги допрат сите, кого повеќе, кого помалку.

 

Корона астро– Ќе помине кога ќе го задоволи пазарот на вакцини а астролозите предвидуваат дека после првата половина на 2021 кога ќе почнеме да се приближуваме кон СРЕЌНАТА 2022 година, ќе биде ставена под контрола, и ќе продолжи животот но сепак да почекаме за да видиме каков ќе биде.

 

Пишува , Татјана Гогоска

Во мај: Целосна  Корона астро приказна до крај на 2021

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.