Балетската престава „Либертанго“ со изведба во МОБ

785

На 20 јуни (четврток) во Македонската  опера и балет со почеток во 20 часот, публиката ќе може да ужива во балетската претстава „Либертанго“ – Астор Пјацола.

ЛИБЕРТАНГО нè води низ приказна која ни го покажува создавањето и патот на тангото. Уличен танц што го достигнува пиедесталот на светската танц-сцена. Танго или танцот на страста, желбата, љубомората, љубовта, привлекувањето…

Приказна поврзана со историјата на семејството Пјацола и уметничкиот раст на Астор Пјацола со кој се искачи на  пиедесталот на светската танцова сцена.

Кореограф: Сабрина Боско (Италија),  режисер и либретист: Наташа Поплавска, сценограф и костимограф: Александар Ношпал

Настапуваат:  Асунта Манети Пјацола: Александра Мијалкова , Висенте „Нонино“ Пјацола: Васил Чичијашвили (Грузија), Марија Нивес Рего: Марија Кичевска Шокаровска, Хуан Карлос Копес: Игор Веланоски , Карменсита Калдерон: Наташа Јосифовска, Деде Вулф: Марија Јосифовска Ристовска со  истакнати солисти, солисти и целиот балетски ансамбл на Националната опера и балет.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.