Бугарско издание на поетска книга од Филип Димкоски „Во градина има само љубов“

1121

Во  издание на издавачката куќа „Палмира“ од Стара Загора, Р. Бугарија, деновиве од печат излезе бугарското издание на поетската книга „Во градината има само љубов“ од македонскиот поет Филип Димкоски.

Препевот е на Палмира Никленова, автор на корицата е Кристијан Јованоски, рецензенти се Илијана Каракочева (Бугарија), м-р  Снежана Алексиќ Станојливиќ (Србија), проф. д-р Гордана Попсимонова и проф. д-р Васил Тоциновски (Македонија), предговорот го напиша д-р  Александар Димкоски, а  уредник на изданието  е писателот Димитар Никленов.

Првата промоција на книгата ќе се случи на 20 мај во  во куќата-музеј „Гео Милев“ во Стара Загора, а предвидени се и промоции низ други градови на Бугарија до крајот на годинава.

Димкоски првпат на бугарската литературна сцена се појави во 2012 година и оттогаш постојано наидува на добар прием кај публиката ширум Бугарија. Неговата книга „Божилак на исконот“ исто така објавена е на бугарски јазик и промовирана низ Бугарија во 2016 година.

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.