Честит јубилеј – 75 години Македонски народен театар

385
Contact photoПо повод големиот јубилеј 75 години Македонски народен театар, во услови на светска пандемија Театарот преку соопштение  ја поздрави бројната публика која за жал не може и денеска како и пред 75 години да ја наполни Салата со соопштение :
Драги наши доајени, некогашни и сегашни колеги, драги љубители на театарот! Денес ја славиме 75 годишнината од првата премиера на Македонски народен театар – претставата „Платон Кречет” во режија на Димитар Ќостаров. Иако денес сцената е празна, сите ние го чувствуваме мирисот на сцената и театарската светлина во нас. Сите овие изминати години беа исполнети со дружење, смеа, креативност, силина, моќ, радост … Вие, актерите, од различни генерации одигравте/играте на сцената со бескрајна посветеност, страст, жар, пожртвуваност и секокаш дававте/давате се од себе. Огромен е бројот на режисерите, драматурзите, сценографите, костимографите, композиторите, сектор светло, сектор тон, сектор видео, инжинерите, гардероберите, реквизитерите, шминкерите, фризерите, изработувачите на сценографија, декоратерите и администрацијата кои со неуморна сила секогаш сте присутни зад сцената овозможувајќи непречено да се одвива магијата и вашата посветеност е непроценлива. Сите заедно направивме театарот да живее, расте и се развива, и истовремено да се прикаже на сцената мигот од животот пред верната публика! Иако прв пат се соочуваме со празна сцена и празни седишта, повторно светлата ќе се запалат, сценографијата ќе иде на сцената и вие, актерите, ќе ги облечете костимите и изговорите текст, затоа што театарот бил, тука е и ќе остане засекогаш! Иако сега ова е тивок период на сцената, неговото бескрајното патување низ времето продолжува со креирање и планирање на нови претстави, проекти, изложби ….
Театарот од секогаш бил во нашите срца и мисли! Поради тоа, на сите кои сте биле и сте дел од МНТ на било кој начин би сакале да ви заблагодариме за сѐ и за секоја ваша пожртвуваност да ви оддадеме почит! Нека ни е честит јубилејот!
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.