Почетна ЖИВОТ Хуманост и семејни вредности Цветници- недела пред Велигден, кога се слави влегувањето на Христос во Ерусалим

Цветници- недела пред Велигден, кога се слави влегувањето на Христос во Ерусалим

669

Празникот Цветници, познат уште и како Цветоносна недела и Врбица sекогаш се слави во неделата пред Велигден. Тоа е денот кога се доживува Христовото славно влегување во Ерусалим, каде по неколку дена Исус Христос бил распнат на крст.

Цветоносната недела е дванаесеттиот празник, еден од 12-те главни црковни празници, и е посветен на последното доаѓање на Исус Христос во Ерусалим. Според Евангелието, Спасителот пред своето доаѓење во Светиот град го воскреснал четиридневниот мртовец Лазар. Веста за тоа веќе стасала Ерусалим пред неговото пристигнување, и бил пречекан како крал и месија, жителите го прекриле патот по кој минувал Исус Христос со палмови гранки.

Црквата смета дека празникот на влегувањето во Ерусалим е моментот на најголемата земна слава на Христос, откако според Евангелието, жителите на Ерусалим го пречекале така затоа што слушнале за чудото од саботата со воскресението на Лазар, па го пречекале како голем чудотворец и цар кој ќе донесе ред и ќе ги протера омразените римски освојувачи.

При влегувањето на Исус Христос во Ерусалим неговите ученици и следбеници со цвеќе и врбови гранки, како и со својата облека му го постилале патот.

Пречекувајќи го Исус, одушевениот народ го постилал патот и пеел: „Осана на синот Давидов. Благословен е оној кој доаѓа во името Господово. Осана на вистините“ Во спомен на влегувањето на Исус во Ерусалим уште од најрани христијански времиња е востановен празникот Цветници, кој, меѓутоа, се празнува од III век.

Среќен празник на сите православни Христијани!

metropolis-big