Дали оваа недела ќе почнеме да го имаме редовниот и потребен ритуал, пиење кафе во кафулиња?

798

На денешната владина седница чиј почеток е најавен за 16:00 часот, се очекува да биде донесена одлука за почеток на работата на угостителските објекти и хотелите.

Од почетокот на вонредната состојба , постоењето на долги полициски часови, социјално дистанцирање на луѓето, една од мерките која најмногу ги погоди покрај угостителите и граѓаните се затворените кафулиња и ресторани.

Веќе сите се нестрпливи да почне иако со изменет протокол на работа и однесување, работата на угостителските објекти.

Се чини кафе муабетот со пријателите, колегите не може да ја замени ниедна социјална мрежа. Сега можеби поучени од овој период , кога ќе се сретнеме на кафе ќе разговараме и никој нема да гледа во својот течефон што беше редовна практика во последниов период.

Во очекување на старот на работа на угостителските објекти, пред почетокот на летната патувачка сезона  важна е информацијата околу отварањето на границите.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.