Дали Скопје лежи над непозната населба од Римскиот период, дилеми по неодамнешните откритија

1415

Римски надгробни олтари и камен саркофаг од вториот и третиот век од нашата ера, се пронајдени на булеварот Партизански одреди. Вредните камени докази се најдени при ископувања за фекална канализација од страна на Град Скопје.

Одговорните од  Музејот на град Скопје, во чие присуство беа извадени овие камени артефакти велат дека  нивното пронаоѓање не е невообичаено бидејќи се работи за област која е во близина на археолошкиот локалитет Скупи.

 

Откриениот саркофаг и камените олтари се од 2. и 3. век од нашата ера, поточно од Римскиот период и припаѓале на некои мали гробишта кои биле дел од приватен имот, вила во близина на градот Скупи, се претпоставува дека припаѓале на некое полско семејство. Така што е можно при ископите да се појават и други артефакти. Во 1969 година на овој потег при изградба на  три згради (кај слаткарницата Палма), беа пронајдени три саркофази и два надгробни олтари од Римскиот период со сите елементи и тие денес можат да се видат пред Музејот на град Скопје. Надгробна плоча од римски период е пронајдена и кај Алумина. Последните се откриени во непосредна близина, па затоа ова откритие не е невообичаено“, велат од Музејот.

Во целиот надзор се вклучени експерти од Конзерваторскиот центар Скопје и Музејот на град Скопје.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.