Деликатес на денот: Полнети печурки со лук, спанаќ и пармезан

1423
kujna

Ако сакате шампињони, ова јадење ќе го обожавате. А доколку спанаќот и пармезанот се ваша омилена комбинација го имате вашето омилено јадење.

 СОСТОЈКИ:

  • 20 шампињони
  • 2 парчиња лук
  • 4 шолји спанаќ
  • 220 гр. крем сирење
  • сол и бибер
  • ¼ шолји пармезан
  • ¼ шолји презла

ПОДГОТОВКА:

  1. Се мијат печурките им се двојат дршките
  2. Се редат на намастен плех и се сечат ситно дршките, се пржат на масло со лук, спанаќ, крем сирење, сол и бибер.
  3. Се пржи убаво и се полнат печурките, па се става презла и пармезан и се печат на 190 степени 15 минути.

После се вадат од рерна и чекате да оладат и веднаш можете да ги сервирате и да си кажете: Пријатен ручек !

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.