Ден на водата 2019 – Водата е човеково право

877

22 март е Светски ден на водата (водите) и оваа година Светската организација и Обединетите нации како Светско мото го определија “ВОДА ЗА СИТЕ -Каде и да си кој и да си водата е твое човеково право„.

Самото мото укажува и потсетува дека одамна водата е човеково право, но за жал достапна вода немаат билиони луѓе на Планетата Земја. Сеуште пешачат со километри, и имаат небезбедна вода за да обезбедат вода за секојдневието а знаеме сите, дека „Водата е живот“.

И оваа година по повод Светскиот ден на водата Институтот за Јавно здравје во соработка со КАТ продукција, по петти пат го одбележуваат овој ден под Светското мото „Вода за сите“ со мултимедијален настан. Настанот ќе се одржи пред и во Кинотека на Македонија. Во првиот дел многу музика и забава на кој ке пееме со Валентина Парго, Марија Јанчевска и Сара Гигова.

Ќе се забавуваме на ди-џеј сетот на Марко Џамбазоски а во вториот дел ќе бидата прикажани два филма за водата и тоа филмовите  „Езеро од јаболка“ од авторите Љубомир Стефанов и Тамара Котевска и „Водата“ од Кирил Каракаш и Светислав Подлешанов. Секако дека дел ќе посветиме на едукација за тоа како е водата човеково право за што ќе ни помогне Евгенија Крстевска-докторант токму на ова атема.

Во рамки на настанот, додека трае Пресот на ИЗЈРМ ќе има и еко акција за расчистување на околината, како и акција за собирање на пластична амбалажа за рециклирање. Оваа година подржувачи на настанот се „Магрони“ со Добра вода и Ладна, „Визиана“, „Кожувчанка“, „Маја“ и Пакомак како и нашите соработници Волонтерски центар – Скопје, Daisy Family Rescue и најзаслужните за одбележување на овој ден и зголемување на свеста за значењето на водата во целокупниот живот на планетата, Институтот за јавно здравје. 

Водител на настанот е Александра Бела.

Што е Светскиот ден на водата? 

Eдна од целите за одржлив развој е кристално јасна: вода за сите до 2030 година. По дефиниција, ова значи да не се остави никој зад себе. Но денес, милијарди луѓе сеуште живеат без безбедна вода – нивните домаќинства, училишта, работни места, фарми и фабрики се борат да преживеат и напредуваат. Маргинализираните групи – жени, деца, бегалци, домородни народи, лица со посебни потреби и многу други – често се занемаруваат, а понекогаш се соочуваат и со дискриминација, додека се обидуваат да пристапат и да управуваат со безбедна вода кој им е потребна за нормален живот.

Овој Светски ден на водата, 22 март, се однесува на справување со кризата со вода на светско ниво, со особено внимание на тоа кои се причините зошто толку многу луѓе се оставени зад себе без можност за безбедна вода.

Според насоките на ОН со поставената Програма до 20130 година ,значително треба да се подобри состојбата со водоснабдувањето во светот.

 

Ние сме дел од Планетата Земја кои имаме среќа да имаме достапна, здрава и чиста вода и затоа 22 март е „Среќен ден на водата“

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.