„Денови ли се денови “…опејуваше македонскиот безврменски поет Коста Солев Рацин

1724

Кочо Рацин или целосно Koста Апостолов Солев Рацин ( Велес,22 декември 1908 – Лопупник , 13 јуни 1943 ) — македонски книжевен деец и револуционер, најпознат по својата поезија. Се смета за еден од основоположниците на современата македонска литература , а неговата стихозбирка „ Бели мугри“ ( Загреб ,1939) претставува едно од најзначајните поетски дела во македонската современа литература. Освен со поезија, Рацин се занимавал и со проза, а напишал и неколку значајни трудови од областа на историјата,филозофијатаи литературната критика.

Прекарот Рацин доаѓа од неговата сакана Рахилка Фирфова – Раца. Рацин кратко време користел и друг псевдоним, Невен Пејко, кој го зел од неговата втора љубов – Невенка Вуиќ. Не се разјаснети сите подробности околу неговата смрт, поради што постојат сомневања дека бил убиен.

На 5 мај 1943г. Рацин тргнал од Скопје во партизани, со група од осуммина, меѓу кои е и Добривое Радосавлевиќ (кој се споменува како еден од нарачателите на убиството). По пристигнувањето во одредот „Кораб” станува уредник на партизанскиот весник „Илинденски пат” и подготвува две збирки на македонски народноослободителни песни.

На 13 јуни, на враќање кон партизанската печатница на Лопушник, Рацин е застрелан од страна на Мино Миновски. Пропагандата на КПЈ ја создава официјалната приказна дека Рацин бил наглув, па не го чул предупредувањето на соборецот кој патролирал, која до ден денес стои во учебниците.

Убиството е нарачано од страна на Страхил Гигов, кој лично се погрижил на Рацин да му биде одземен и пиштолот дури престојувал во печатницата.

Проклетството да се биде поет, визионер, вљубеник во својата татковина, се повторува.

Во спомен на големиот македонски поети и револуционер нашиот Рацин а во организација на ПСД „Бистра“, ПЕД „Ендорфини“ и извидничкиот одред „Мирко Милески“ од Кичево, деновиве по 23-ти пат беше организиран меморијалниот планинарски марш „Цвеќе за Рацин“, како потсетување на 13 јуни, денот кога пред 76 години на планината Лопушник во месноста Јама, загина нашиот голем поет и револуционер Коста Солев Рацин.

На годинешниов планинарски марш, покрај членовите на планинарските друштва од Кичево, учествуваа и извидници од Кичево и членови на планинарски друштва од Битола и од Охрид. Од почетната станица кај селото Извор, планинарите  тргнале до споменикот на Рацин и до месноста каде што се случила неговата погибија. Месноста е на четири часа пешачење  до врвот Стог, каде стои поменикот на Коста Рацин.Планинарите како и секоја година положија букети свежо цвеќе. За заокружување на оддавањето на почит на големиот поет била читана поезија од Рацин од страна на планинарите учесници .

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.