До 30 декември отворен детскиот ликовен конкурс „Зимска приказна”

2229

Во пресрет на Нова година и Божиќ, Амбасадата на Русија во земјава објавува нов детски ликовен конкурс „Зимска приказна”, посветен на традициите за овие празници во нашите две држави.

На конкурсот, кој е отворен до 30 декември, можат да учествуваат сите млади на возраст до 18 години. Цртежите на наведената тема учесниците ќе можат да ги споделат на својот Фејсбук профил, кој треба да биде отворен и да го означат (тагнат) Фејсбук профилот на Руската амбасада или да ги испратат на е-mail на Руската Амбасада: [email protected] или на Фејсбук профилот на Амбасадата. Неопходно е да се наведат име и презиме, возраст, град на живеење и контактни податоци на авторот (телефонски број и e-mail).

Најдобрите цртежи ќе бидат објавени на официјалните страници на Амбасадата и Россотрудничество. Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени на 13 јануари. Победниците ќе добијат награди и подароци.

Руската амбасада информира дека на претходниот конкурс по повод Денот на Русија – „Русија преку очите на децата” учествувале повеќе од 50 деца.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.