ЕКСКЛУЗИВНО: Се формира Независна културна сцена – Битола

262

Битола, 6 октомври 2021

Независна културна сцена- Битола е иницијатива на ентузијасти и професионалци од независната сцена во Битола (оние кои не се под државна капа), со цел да се обединат ресурсите, знаењето, идеите и волјата во правец на создавање нови културни политики и практики на локално ниво кои ќе ги задоволуваат потребите на целната група.
Под целна група се подразбираат-здруженија, неформални групи и поединци, продуценти, издавачи, изведувачи од музичката, театарската, книжевната, ликовната дејност, видео и фото артисти, графити и други урбани форми на изразување.
Крајната цел е “Независната културна сцена” да стане рамноправен дел од локалните културни програми и буџет, како и да се обезбедат критериуми и механизми за позитивно вреднување преку учество во креирање на програмите, критериумите како и учество при одлучување за апликациите.
НКС има благородна цел да ги мобилизира засегнатите групи и поединци на заедничка акција која ќе резултира со подобрување на сегашните околности со независната сцена. Истата по дифолт, нема политички или бизнис цели и е целосна транспаретна за своето делување.
Иницирана од група професионалци од културата кои делуваат во независниот културен сектор, надвор од рамките на државните институции од културата организатори на културни фестивали, изведувачи, автори, промотори.
Целта на оваа иницијатива е: партиципиентите односно целната група кои се најзасегнати да станат видливи за локалните власти и да станат дел од креирањето на локалните културни политики, процесите на вреднување и поддршката на локалната сцена, донесување на јасни и транспарентни критериуми за тоа што е- Јавен интерес во културата.
На овој начин сите би добиле. Потесната целна група би си обезбедиле директен пристап до општинските средства, простор и опрема, секако под јасно дефинирани критериуми, ќе се излезе од една состојба на апатија и недефиниран однос ќе се иницира продуктивен двонасочен однос со локалната самоуправа ќе се потикне развојот на креативата и продукцијата на сцената ќе се зајакнат капацитетите на партиципиентите од Нкс за здружување, продукција, промоција…

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.