Во “Спомен куќата” на Тоше поставен телескоп од фановите

215

“Ѕвезденото небо” на Плоштадот Македонија во Скопје го нема веќе, но Тоше не е заборавен од своите најверни фанови. Благодарение на нив, во
Спомен куќата на Тоше осамна телескоп. Господинот Радан Митровиќ, кој го инсталираше, не информира:
-Во Спомен куќата на Тоше Проески во Крушево се одржа настан по повод неговиот последен концерт пред 14 години. Бев повикан да го комплетирам телескоп кој во чест на Тоше му го купија неговите фанови и кој ќе можете да го видите како еден од експонатите во спомен куќата. Навистина голем и убав телескоп. Sky Watcher 305mm f/5, на EQ6 монтажа.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.