За едно видување на проектот Europe Convergence,
пишува Валентина Ѓорѓиевска-Парго

околност на постепено приближување на точка во просторот или времето, на различни или сродни мислења или вредности, помирување на спротивности, или постепено движење кон рамнотежа. Среќно избран наслов беше “Конверженс”, “Конверџенс” , за програмата на “Еразмус плус” , во рамките на која оваа сезона пролет/лето, се одржаа низа исклучително добри сценски настани на музичари од три земји Македонија, Грција, Франција. Под овие три знамиња се подготвуваа национални јадења на трите земји, се снимаа прилози со еколошка тематика. Млади новинари, готвачи и музичари, заедно ги изучува и доучуваа тајните на својот занает, се дружеа, се забавуваа а притоа и развиваа врски со кои ја поместува точката во просторот и времето. Почнаа во Скопје,во организација на Волонтерски центар Скопје во средина мај, од каде сите заедно заминале во Дижон Франција.
Од 24 август до 2 септември друштвото се пресели во грчка Селианитика, еден од најубавите и најчисти приморски места близу Патра, на самиот почеток на Пелопонез. Македонија-Грција-Франција. Единаесет члена македонска група, исто толку и грчка и двојно поголема француска, се зближија и споија во една убава летна комуна. Програмата беше осмислена така што младите новинари истражуваа на морскиот брег, случувања кои ги водеа на еколошки траги, како и го покренаа прашањето зошто над 60 околни села немаат свој градоначалник туку е еден заеднички во Егион, и не може се да постигне.
Приморскоро место Селианитика е премногу чисто, нема ни ливче на улица, морето е совршено и кристално бистро, со камени плажи, и не можете да најдете ни пердувче случајно паднато во лет од птица, но жителите се жалат на немањето соодветни депонии и поради тоа ѓубрето од контејнерите се собира ретко, во случај да избие некоја зараза или бактерија, што е сосема нелогично. Но, освен тоа, младата екипа беше ажурна и се селеше од тема на тема, од простор на простор и на самото место октриваше како се одгледуваат маслинки и како се прави вкусното маслиново масло, и како се произведува вино во најпознатата винарија во тој регион. Разговараа со претставници од невладин сектор, снимаа репортажа како живеат мештаните и дојденците и даваа интервјуа на локалниот радио.
Деновите беа убави и за среќа и потписничката на овие редови уживаше во нив. По францускиот доручек, со мармалад, путер и превкусен леб, повеќе видови, кулинарите посветено правеа национални јадења, па во тие осум дена имавме можност да се вкуси се- од скара до макарони, од паста до вкусна салата од тазе набрани домати и грчко сирење, од мусака до пита, од француски специјалитети до ориз и месо. Младите македонски готвачки изучуваа и практицира со своите повозрасни поискусни француски колеги. Храната е многу важна во француската култура.
Можеби затоа французите ја принесуваат во тенџериња фатени за дршките со дизајнирани чаршафи и одважно како да принесуваат пир на кралска трпеза. Типично француски од страна на двајцата сопружници кои имаат свој ресторан во Дижон. И десерт претежно од лесно благо, комбинирано со овошје. Не изостана ни изобилното полнење на чинијата, типична одлика на македонската кулинарски традиција. ” J’ ai une faim de loup! – I’m as hungry as a Wolf! – Pinao sa likos! – Гладен сум како волк!”,, се слушаше пред сервирање на вкусните специјалитети, во љубопитно исчекување што ни подготвиле тој пат.












А четвртиот беше најромантичен. Французинот Самуел Офреди, пееше и изведуваше романтична музика на разни инструменти, прво сам а потоа и придружен од трубачот на “ФалКор”, Елиот на зајдисонце пред самите апартмани “Тео” каде беа сите сместени , и кој по својата романтичниост како да беше создаден за митолошки конотација, чиниш Орфеј како да сака да го предизика на слушање и Посејдон, богот на морето.
Да потсетиме дека Орфеј бил легендарен музичар, поет и пророк во античката грчка религија и основач на “Орфејски мистерии”. Имал способност да ги привлече сите живи суштества, па дури и камењата со својата музика, неговиот обид да ја врати својата жена, Евридика од подземниот свет, каде таа заминала а нему му оставила болка и копнеж.


Да се вратиме пак на сегашноста. Алтернативите “Визија” брилира уште првата музичка вечер . Тие се нашата гордост и први ја отворија програмата, во Курсарос. Нивниот околу 40 минутен настап значеше претставување на песните од нивниот материјал “Гласно” , а пред крајот умниот пејач Гапо порача “Време е секој да го прифати секого” .
“Визија” се Марко Гапо, Марко Џамбазоски, Лилјана Јанкова и Синиша Ѓорѓевиќ. Грчката алтернативна рок група “No reception” пак, свират модерен алтернативен рок и се гордоста на Егеон. Ја сочинуваат Апостолис Псилос, Андреас Прунѕос, Тасос Розос, Клеон Зисилопулос и Никол Дросопулос. Француското пост рок електро трио “ФалКор” го сочинуваат Елиот Лепран, Гијом Вание и Пол Галерон. Сите споменати, млади музичари. И, околу педесетчлената група во Селианитика, ја сочинуваат главно млади под- над 25 години.



Некои тука се со план, некои ги донела кармата. Но, како и да е, иако светот на младите и светот на повозрасните се два засебни света кога се седнува на маса или кога се на концерт сите се пријатели и како на “иста возраст”. Деновите се навидум исти, а се различни и што се се случува треба да си водиш дневник ако сакаш да архивираш. Ама нема време, што од обврски, што од плажирање. Осум дни.
Дружбата е фантастична. Дури и кога последниот ден снема интернет и бевме “принудени” на маса да си раскажуваме интересни работи, како за дедо му на Марко Гапо славниот режисер Бранко Гапо, додека грчките домаќини пребаруваат на гугл за него. Или за животот на Гркот Зорбас во Скопје и како се кршеле чинии во склад со грчката традиција кога се играло сиртаки. И како и јас скршив чинија несакајќи при миење, а ми се направил ќеф како да е сакајќи, на сиртаки. Претпоследната вечера е официјална за поздравување, со говор на француските куварки. И со мераклиски одбраното и подготвено месо, по кое отидовме сите заедно во Егион да го купиме.


Фотографиите се од приватните фото архиви на учесниците!
Уредник Татјана Гогоска
Селианитика-Патра-Грција
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.