Годишен концерт на КУД „Дримкол“ од Вевчани

1139

Вечерва  во Домот на културата во Вевчани, со два концерти од 18 и 20 часот Културно уметничкото друштво „Дримкол“ ќе го одржи својот годишен концерт. На концертот, оваа година насловен како ,„Не си играј со телефонот мамо, играј со мене“  учество ќе земат сите фолклорни ансамбли на друштвото, изворниот и народниот оркестар, пејачката група „Каданка“ и нејзини солисти, како и членови на патувачкиот театар од Вевчани.

На програмата, според организаторот, ќе бидат застапени песни и ора од сите играорни подрачја во нашата држава, а темата ќе биде „Не си играј со телефонот мамо, играј со мене“. Примената на техниката и технологијата во денешно време се наметнува како начин и култура на живеење. Но, прашање е како таа култура на живеење влијае врз развојот на младите и врз нивниот однос кон градењето и почитувањето на сопствениот идентитет, како и врз негувањето и развојот на своето културно наследство, вели Наташа Кукоска, етнолог, дел од уметничкиот совет на друштвото. Според неа, преку актерска детска игра, песна и оро ќе дадат одговор на ова прашање, а во исто време отвораат за размислување и други прашања важни за развојот на децата преку музика и игра.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.