„Донеси книга, земи си книга“- Едукативен настан за мали и големи

1241

На 9.мај во Културно-информативниот центар-Сала Империјал 1 ќе биде домаќин на Литературна работилница за деца и возрасни „Донеси книга, земи си книга“. Настанот е еднодневно дружење на децата, младите а и малку повозрасните со книгите. Ова е еден од начините како да ја вратиме книгата во секој дом, во секоја детска соба и да ги поттикнеме децата да читаат, (па и возрасните) со што ќе ја развиваат својата имагинација, ќе учат нови зборови и ќе го зголемуваат своето знаење.

Се што треба да се направите,секој што ќе дојде на настанот треба да донесе една своја книга, која веќе ја имате прочитано или пак ви е дупликат и да си земете некоја од оние кои ги донеле останатите. На настанот ќе можете да се дружите со двајца наши автори на детска литература, Горјан Петрески и Татјана Гогоска и ќе можете да поразговарате со педагогот Магдалена Чоревска за влијанието и важноста на книгата во развојот на секоја индивидуа.

Организатори на настанот Културно -информативен центар -Скопје и Кат Продукција. Медиумски покровител KulArt.mk

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.