Горан Сурловски Боркин-“Калимеро поет”

283

Еден од најинтересните фејсбук пишувачи е Горан Сурловски Боркин. Тој е инвалидизирано лице кое се обраќа до одговорните личности, а најчесто преку социјално ангажирани стихови го опишува своето страдање и дискриминираност во општеството.
Направивме избор од негова поезија, а и го позајмивме писмото до кое јавно им се обраќа на потенцијалните градоначалници во неговата општина, Бутел.

Јавно писмо до сегашниот и до идниот градоначалник на Општина Бутел

“30 години инвалидска мизерија”
Главата ми “чури” како лонец !
Младоста ми е уништена,
животот ми виси на конец !
Другари…
Престанете да се карате за да
бидете градоначалник!

Јас сум Горан Сурловски
51 година инвалид
50 години се борам со дистрофија
30 години страдалник од држава !
8 години како се откачив
од тиранин Татко!
7 години како неможам да се
одкачам од луда стара Мајка
и од себична Сестра кои во 21
век ме спречуваат да бидам во
Брак, да имам семејство,
ме спречуваат да бидам среќен!
Тежок е инвалидскиот живот!
Почнете да ни помагате !
Не знаете колку живи инвалиди
има во Општина Бутел!
Како што е позната Струмица
Поради Беласица, зошто да не
биде позната Општина Бутел
по “Скопска Црна Гора” и по спортистите кои живеат тука !!?
Соберете ги сите Инвалиди !
Направете ни Инвалидски Спортски Клуб “Бутел” !
Дајте ни на сите инвалиди:
Тренерки, патики, шушкавец со инвалидски амблем и електричен тротинет за да можеме да одиме на лекар, на тренинг и на натпревар да
навиваме за наши Бутелчани!
Дајте ни соларен бојлер и
Клима за во зима !
Дајте ни основни услови за Живот!
Дајт ни можност да спортуваме
не не оставајте да умираме!
Престанете со опструкции,
престанете да водете инат!
Инвалидските потреби секогаш
политичарите ни ги кинат !
30 години инвалидска мизерија !

КАЛИМЕРО
Македонија- не е држава
на рамноправни граѓани !!
македонија е држава
на дискриминирани инвалиди !

Калимеро…
секој мајстор ме игнорира,
а политичар ме дискриминира !
НИ еден новинар – не доаѓа,
никој добар – добро не проаѓа !
по некој на инвалид – помага,
секој на инвалид – одмага !
не заслужуваат влез во Европа,
власта само глупости тропа !

НА ЛЕВИЦА ПРИПАЃАМ

Деснак сум,
пишувам и со лева.
Деснак сум,
притисокот ми се крева !
Деснак сум,
сркам супа со лева.
Деснак сум,
ми кркорат црева !
Здравите често,
“искачаат” во град.
Инвалидите често,
умираат од глад !
Деснак сум,
ми кркорат црева !
До кога ќе пиеме нафта,
до кога ќе пасеме трева !?
Државното здравство
во сигурна смрт не носи !
За спас – за живот,
Инвалид за операција проси !
За разлика од политичарите,
образот ми е чист !
За разлика од политичарите,
достапен ми е анкетен лист !
Политичарите од алчност,
умираат од што се болни.
Инвалидите ради стресови и
неправда-
умираат незадоволни !
Деснак сум,
цртам и со лева.
Моето пишување вистина
на власта им здодева.
Деснак сум,
сепак на Левица припаѓам.
Деснак сум,
во криминалци не припаѓам !

ЗАМЕНЕТА

Џабе што ти пишував песни,
се уште си во години бесни.
Моминството со стрес го плаќаш,
се уште озбилно не ме сфаќаш.

Јас сум последен кај кого би дошла,
небитно дал си Принцеза или Вошла.
Јас сум последен со кого би зборела,
за мој спас ништо не би сторела.

На твоите уши се лепи секоја лага,
мене ме прави немоќен мојата тага.
А што можам без лековити прсти,
на мојава голгота и Бог се крсти.

Џабе си докторка кога си бесна,
џабе моја почит – џабе и оваа песна.
Душо – за 360 сега си сменета,
со друга – ќе бидеш заменета.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.