Грант од Јапонија за музички инструмени на Македонската опера и балет

1169

Во Фоајето на Македонската опера и балет, директорот Васо Ристов и Џиро Такеичи, извршен директор на Јапонската агенција за меѓународна соработка – ЏАЈКА Балкан потпишаа Грант помош за култура во вредност од 79,800,000 Јени (еквивалент на 663,000 евра) за „Проект за подобрување на музичките инструменти, опрема за озвучување и осветлување за Македонската опера и балет“.

Јапонија сака преку оваа помош да се подобри квалитетот на изведбите во Македонската опера и балет, збогатените активности да помогнат во едукацијата и градењето на капацитети кај младите во  Македонија и да се подобри взаемното разбирање на заедниците преку културата.

Во 2019 година, Македонија и Јапонија одбележаа 25 години од воспоставувањето на дипломатските односи со голем број на активности.

Во својот говор Амбасадорката Ханеда, го потенцираше силното пријателство помеѓу двете земји и континуираната соработка на Јапонија со  Македонија за поддршка на реформи.

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.