Холандскиот град Утрех ги трансформира автобуските постројки во градини

1404

Загадувањето на животната средина, се поголемото уништување на растителниот и животинскиот свет ѓто доведува до дисбаланс во природата а у штети на човекот, доедуваат лужето д аразмислуваат како да се заштитат и себеси и природата. До едно такво убаво и корисно решение дошле одговорните во  холандскиот град Утрехт,каде на  316 автобуски постојки  имаат зелен покрив.

Тие не само што изгледаат убаво , туку и помагаат во задржување на прашината од воздухот, складирање на дождовницата и обезбедуваат поладен воздух во летниот период.
Тоа е една од многуте мерки што би можеле да го подобрат квалитетот на воздухот на Утрехт. После пушењето, нездравата околина (вклучувајќи го и лошиот квалитет на воздух) е втората причина за болести во Холандија.  Зелените покриви ( green roof ) на автобуските постојки во Утрехт, исто така, станале „постојки“ за пчели и придонесуваат за биодиверзитетот на градот, поддржувајќи ги инсектите како медоносните пчели и бумбари.

На покривите од овие постојки главно има растенија со краток корен а нив ги одржуваат од страна на општинските работници кои се возат во електрични возила. Автобуските постојки се опремени со ефикасни лед светла и бамбусова клупа.

Неодамна Утрехт замени 10 дизел автобуси за електрични автобуси. Утрехт има за цел само да ги исфрли од употреба сите дизел автобуси до 2028 година. Во меѓувреме, Утрехт ги поттикнува возачите на автобуси да се прилагодат на еколошкиот стил на возење. Автобусите регистрираат колку ефикасно и удобно секој возач управува со автобусот и врз основа на тоа колку добро возат, можат да “освојат” награди. Утрехт постојано го зголемува бројот на автобуси напојувани со електрична енергија, а таа електрична енергија што ја користи, доаѓа од холандските ветерници.  Граѓаните на Утрехт се поттикнуваат да ги трансформираат своите покриви во зелени покриви преку посебни субвенции за таа намена.

Пчелите се привлечени од растенијата и цвеќињата на покривот, а не од луѓето што седат под покривот. И како што можете да прочитате погоре, пчелите воопшто не се агресивни. Луѓето често ги споредуваат со поагресивните оси, но навистина нема потреба да се плашат од овие пчели „работнички“ на овие автобуски постојки со зелени покриви. Ваквите автобуски постројки ,сметаат од градот дека комплетно ќе ја променат перцепцијата на луѓето кон заштитата на животната средина и прочистување на градските средини.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.