И во јуни, времето променливо и невообичаено за овој месец

    735

    Временската прогноза ма месец јуни, кој е на прагот не ветува стабилизирање на сончево време, по кое е препознатлив овој период од годината. Според прогнозата темпото на времево кое го имаме и во изминативе два пролетни месеци ќе биде речиси исто. Еден ден сонце, друг ден дожд, па ветер, па два дена сонце и се така. Разликата во температури нема да биде голема барем онаа дневната.   

    Променливо облачно време со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од југоисточен и јужен правец ќе преовладува речиси во текот на целиот месец. Така и ќе започне. Денеска во  попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Преодно стабилизирање ќе има в среда, а од четврток попладне под влијание на влажен бран нестабилно со пороен дожд и грмежи ќе биде на повеќе места.  Утринските температури ќе се движат од шест до 15 степени, а дневните од 16 до 31 степени.

    Променливото време, велат докторите влијае на сите, без разлика на возраста, а за стабилизирање на сончевото време ќе треба да почекаме до почетокот на месец јули, за кој период пак се најавуваат и екстремно високи температури.

     

    куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.