IN MEMORIAM-Почина легендарнoto македонско лице од тв екраните, неповторливата Бранка Станковска

    793

    Почина доајенот на македонското спикерство Бранка Станковска, која генерации  ја паметат како прва спикерка и водителка на Вестите. Плејада на новинари поминавме низ нејзината школа за дикција, однос кон камера и презентација во Радио Телевизија Скопје.

    Бранка Станковска е родена во Скопје на 30. Ⅳ 1931 и е позната како врвен радио и тв спикер и водител. Во Македонската радиотелевизија го поминала целиот работен век (1948-1987). Нејзината најава на првиот телелевизиски пренос од Црн Врв на 5 јуни 1964 г. е почеток на програмата на ТВ Скопје, емитувана преку сопствената телевизиска мрежа. Неколку месеци подоцна (на 14 декември) Станковска ги читаше вестите на првиот телевизиски „Весник“, што го означи почетокот на емитувањето на редовната програма на Македонската телевизија. Беше една од најпознатите спикерки и водителки на малиот екран.

    Бранка беше отворена,остра кога е во прашање професионалноста но многу коректна а едно нешто што јас го запомнив од неа е дека телевизискиот термин е закон.Треба да с епочитува, треба да се работи на односот кон камера, на дикцијата, на почитување на македонскиот јазик. Бев во генерациите што откако се вработивме првата година одевме два пати неделно на часови кај неа. И секогаш велам Благодарности!

    Почивај во мир наша неповторлива легендо!

    М-р Татјана Гогоска

    куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.