Интернационалниот фестивал на античка драма Стоби го прекинува своето постоење- кои се вистинките причини?

994

Стручниот тим и раководителот на проектот за истражување, конзервација и реставрација на театарот во Стоби, сметаат дека театарот не е во состојба да прима публика, од безбедносни и морално-етички причини.

Во 1992-рата година Велешкиот народен театар, ја одигра првта Античка претстава на Стоби и секоја следна се до 2001-вата kога беше формиран Фестивалот за Античка драма a го формираа театарските работници  заедно со Општина Велес и го основаа Интернационалниот фестивал на античка драма Стоби. Во изминатите лета на древната сцена велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ кој е основач на фестивалот имаше одиграно 20-тина претстави. Во рамките на фестивалот беа одиграни 80-тина антички претстави со театарски ансамбли од Македонија, Русија, Украина, Холандија, Турција, Србија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Бугарија, Ерменија, Данска, Казахстан и од Албанија.

Така амфитеатарот во Стоби стана домаќин на театарски претстави на Фестивалот на античка драма и место каде секој јули градот Велес нудеше убав културен настан за кој секогаш имаше многу интерес. Годинава, Министерството за култура не даде средства за одржување на фестивалот, но новиот министер за култура е расположен интервентно да одвои пари за да не се прекине традицијата, со одигрување една претстава во Стоби. И покрај ова, оттаму најавуваат дека Фестивалот за античка драма ќе го прекине своето постоење.

Причините се двострани, од една страна од Велешкиот театар велат, заради тоа што немале средства не го подготвиле фестивалот ни за гости, ниту пак да направат своја нова продукција од грстот на Антички драми. Од друга страна од Националната установа Стоби , велат дека досега не добиле барање за одржување на театарска претстава.

„Стручниот тим и раководителот на проектот за истражување, конзервација и реставрација на театарот во Стоби, се на мислење дека театарот не е во состојба да прима публика од безбедносни и морално-етички причини. Освен во строго контролирани услови и со ограничен број на посетители, сè додека истиот не биде конзерваторско-реставраторски третиран од страна на стручниот тим. Секој пројавен интерес за користење на театарот е добредојден, секако со стручен надзор и пропишани услови од страна на НУ Стоби“ , стои во писмениот одговор од НУ Стоби дали би дозволиле летово таму да има театарска претстава.

Додека се утврдува кој е зошто е и како е едно е вистина дека оваа година Фестивал на Античка драма во Велес ќе нема. Дали ова ќе биде трајно замирање на Фестивалот и тој ќе замине во историјата или е прекин за да продолжи (знаејќи дека до минатата година три години Фестивалот се одржуваше во Велешкиот театар), можеме само да претпоставуваме.

 

 

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.