Изложба на илустрации за деца од македонскиот уметник Димитар Кондовски

1235

Во рамките на второто издание на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“, ќе биде отворена изложба на илустрации на македонскиот ликовен уметник Димитар Кондовски,  доајен на македонското сликарство.

Изложбата ќе биде отворена на 14 октомври во Национална галерија на Република  Македонија, објект „Мала станица“ а за време на настанот ќе бидат организирани повеќе работилници на кои деца на различна возраст ќе имаат можност да се едуцираат, како и да ги запознаат и истражуваат делата на Кондовски. Тие ќе креираат и свои приказни инспирирајќи се од делата на великанот на македонската илустрација.

Илустрации на книги за деца, автор Димитар Кондовски

Организаторот на фестивалот „Литера“, агенцијата „Ефектива“ најавува интересно патување за сите посетители и поддржувачи на фестивалот.

Димитар Кондовски (1927-1993) во својата грандиозна творечка кариера како сликар, сценограф, дизајнер, дописен член на МАНУ, професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, е една од најзначајните фигури за развојот на македонското современо сликарство во 60-тите години на минатиот век, а изложбата на илустрации е соодветен вовед кон ретроспективната изложба на Кондовски што ја подготвува оваа установа-стои во соопштението .

Димитар Кондовски беше автор во сите сфери на ликовната уметност и едукација од кога има што да учат генерации кои поминаа но и многу генерации кои доаѓаат. Затоа овој Фестивал е од големо значење токму за нив.

Татјана Гогоска

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.