Изложба на Леонардо да Винчи во Лувр-влез само со резервации

1097

Изложбата на Леонардо Да Винчи, ќе биде отворена на есен во Лувр ,по повод  500-годишнината од смртта на големиот безвременски ренесансен сликар. Поради заинтересираност за посета на Изложбата потребна е претходна резервација, при што посетителот треба да го наведе денот и часот. За сите оние кои ќе сакаат да ја посетат изложбата  ќе мораат претходно да резервираат билет преку интернет, вклучувајќи ги и оние кои имаат бесплатен пристап или бесплатен влез во музејот.

Резервациите можат да се направат започнувајќи од 18 јуни, односно четири месеци пред почетокот на изложбата.

Не е првпат Лувр да воведе резервации. Тоа било и случај со изложбата на Вермер во 2018 година. МИнатата  година околу 10,2 милиони посетители или 30.000 посетители дневно го посетиле музејот Лувр.

Изложбата на дела на Леонардо да Винчи е еден од најголемите настани во уметничката година во Париз. Франција се надева на заеми на дела од уметникот  од италијанските музеи но и други француски и европски музеи. Италија ја покажа својата чувствителност кон Франција за работата на овој сликар, кој ги поминал само последните три години од животот во Турен на поканан на Франсоа Први инаку е Италијански сликар.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.