„Македонски монолог” – избор поезија од Гане Тодоровски на руски јазик

1638

Деновиве во Москва од печат излезе избор поезиjа од великанот на македонската поезија академик Гане Тодоровски во препев на руски јазик, насловена како „Македонски монолог“

Книгата излезе од печат, по повод одбележување на 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Македонија  и Руската Федерација, а  Гане Тодоровски беше прв амбасадор во Руската Федерација. Има и друг голем повод, а тоа е што  на 11 мај, годинава ќе се наполнат 90 години од раѓањето на Гане Тодоровски.

Книгата содржи над 50 лирски единици и е билингвална, а ја објави реномираната руска издавачка куќа „У Никитских ворот” (Москва) на инициjатива од Олга Панкина коjа jа состави, преведе и подготви за печатење.

Олга Панкина подолго време работеше заедно со Гане Тодоровски во македонската амбасада во Москва,која со оваа книга му оддава почит на Гане како дипломат, преведувач, професор, есеист, книжевен критичар, историчар, публицист и пред се како ПОЕТ. Оваа поетска збирка ќе ја збогати претставата на рускиот читател како за неговото исклучително творештво, така истовремено и за вредностите на македонската литература во целина“, се мотивите на  Олга Панкина за излегувањето на ова издание.

Поетската збирка ќе биде промовирана во Москва на 14 маj во рамките на проектот „Читај ја Македонија”.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.