Како да го разберете јазикот со кој еднакво зборува целиот свет-невербална комункација

1977

Зошто треба да го научите јазикот на целиот свет ?

Извадок од Прирачникот за комуникациски вештини „Кажи ми да ти кажам “ од М-р по комуникации Татјана Гогоска

Некогаш и колку многу да зборуваме, имаме ситуации кои ни покажуваат дека не можеме да се разбереме со поединецот или групата, со која зборуваме. Премногу искажанатите зборови, најчесто во лутина, бес, страв се кажуваат без ред, хаотично и доведуваат до прекин на вистинска позитивна комуникација, која за цел има да се разбереме. Но, покрај вербалната комуникација постои невербална, или онаа која е еднаква на сите меридијани од светот и сите луѓе распослани на сите континенти. Многу често, ако ги следиме знаците на невербалната комуникација, ќе знаеме што ни зборува соговорникот и кога тоа не го кажува со зборови.

Постои една изрека која вели: „Реакциите зборуваат погласно од зборови“.

Некои ќе се согласат со тоа, некои не, но ако се класифицира дел од нашето однесување и движење, се доаѓа до јасна позиција. Невербалната комуникација се нашите движења, гестови, мимики, изрази и други гестикулации. Прашањето е дали или не, на пораката што ја добиваме или даваме со оваа невербална комуникација, ние и другите ја знаеме и разбираме. Однесувањето е во прилог на свесното и во голема мера под влијание на несвесниот механизам. Вербалната комуникација е повеќе под контрола на свеста, додека невербалната или „говорот на телото“, таа е контролирана од страна на несвесниот дел на личноста. Оттука, следењето на невербални пораки, соговорници и мимики и реакцијата на нив е многу важно комуникацијата да е успешна.

Информациите, ви обезбедуваат знаења во невербална комуникација со лицето и ваквата експресија може да ни помогне подобро да се разбереме, а понекогаш да се признае лагата или манипулацијата. Луѓето свесно избираат да не се согласуваат, но нашата несвесност дејствува во склад со вистината. Тоа можеме да го видиме преку  држење на телото и преку  изрази на лицето. Некои информации ќе ни овозможат со невербалната комуникација и експресии на лицето подобро да се разбере, а понекогаш дури и да се признае лагата или манипулацијата. Многу истражувачи знаат да кажат дека едно лице се препознава дали лаже според неговите насмевки и тикови на лицето за време на разговорот. Од друга страна, пак, познато е дека во средината на растечките тензии и притисок, луѓето може да се насмевнуваат, но напнатоста за лажење е намалена. Затоа, некои знаци  треба да бидат извлечени од контекстот на ситуацијата и на лицето. Неговата свесна мисла може да се следи со усогласени говори на телото и изразот на лицето. Луѓето свесно избираат да не се согласуваат, но нашата несвесност дејствува во склад со вистината. Луѓето многу ретко доаѓаат во ваков сооднос. Колку е поголема лагата т.е. манипулацијата, толку е поголема веројатноста и помалку се способни да ги прикријат лагите, „професионални лажговци“. Треба да се напомни дека тие се поувежбани, а во прилог на вербална и невербална комуникација праќаат повеќе контролни сигнали. Како го прават тоа и дали ќе ја препознаете лагата на вашиот близок.

Разбирањето на невербалните вештини на комуникација е подеднакво важна во секојдневниот живот, како на пример: скршеното срце се покажува со мимики и движења на рацете. Другите луѓе може да ги разберат нивните вистински намери, играчите на карти се служат исклучиво со нив, читање на несвесни и свесни сигнали се многу важни во секојдневната општа комуникација. Еден од современите автори на оваа тема на невербална комуникација е Марко Буразор кој има издадено две книги на оваа тема.

Марко Буразор е тренер, консултант, автор на две книги на невербална комуникација. Предмет на неговото истражување се односите во бизнис комуникацијата, и профилирање личности, со фокус на невербална форма на комуникација.

Можеби најдобрата причина да ја прочитате оваа книга, дадена од страна на авторот на почетокот на првата книга, е тоа дека „треба да го научите јазикот на целиот свет“. Тој вели дека „книгата ќе ви помогне да ги подобрите вашите сопствени изрази во невербалната комуникација, да можете да го сознаете и да го подобрите вашето несвесно однесување и да се поклопи со она што навистина сакате да го испратите до друго лице, т.н. невербална комуникација во акција“. Невербалната комуникација во дадена форма е несвесна комуникација, која е под контрола на лицето и како таква е погодна за оценување на веродостојноста на вербалната комуникација што доаѓа од другата страна вклучена во комуникацискиот процес.

Познавање на невербална комуникација може да биде вистински конкурентна предност во секој вид комуникација и на секое ниво. Количеството  на информации кои ги даваме многу често во поголем обем ги надминуваат оние податоци кои ние не ги знаеме за која било ситуација. На пример: во одделение/клас, додека наставникот/професорот ништо не зборува, додека го листа дневникот и гледа во него, ние можеме да добиеме информација која е неговата намера и пред тој да каже.

Во вакви случаи многу полесно е да се запаметат и откријат вистинските пораки преку говорот на телото отколку позитивни зборови во говорниот процес. Со сите овие назнаки и свртување на вниманието кон невербалната комуникација, ако се обидеме, да обрнуваме повеќе внимание на мимиките и гестовите, зборовите некогаш ќе ги препознаваме на вистински начин а друг пат пак ќе ни требаат многу помалку зборови за да се разбереме во комуникацијата со другите.

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.