Во Јавната установа (ЈУ) Градска Библиотека „Браќа Миладиновци” – Скопје, утре напладне ќе се одржи Чествување на Ацо Шопов . Повод за овој настан е 40 години од неговата смрт, информираат од градката библиотека.

За великанот на современата македонска поезија ќе зборуваат д-р Веле Смилевски и д-р Марина Мијаковска. Настанот ќе го води и воведен збор ќе има Братислав Ташковски, а стихови од Шопов ќе интерпретира актерот Андреј Серафимовски.

Ацо Шопов е македонски поет и преведувач, член на МАНУ и еден од основоположниците на современата македонска поезија.

Шопов е еден од основоположниците на современата македонска книжевност.

Неговата прва збирка Песни (1944) e првата книга на македонски јазик објавена во слободна Македонија. Тој бил претседател на Друштвото на писателите на Македонија ДПМ и негов член од основањето во 1947 г., прв претседател на Советот на фестивалот Струшки вечери на поезијата (1962 г.), претседател на поранешниот Сојуз на книжевните преведувачи на Југославија, претседател на Сојузот на писателите на Југославија, член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) од нејзиното основање (1967), член на Македонскиот ПЕН центар[мртва врска]. Оснивач, во 1951 г., и прв директор на издавачката куќа „Кочо Рацин”, а потоа долгогодишен директор на издавачката куќа „Македонска книга”, Ацо Шопов бил амбасадор на СФРЈ во Сенегал (1971- 1975) и претседател на Републичката комисија за културни врски со странство (1975-1979). Шопов бил уредник или главен и одговорен уредник на списанијата: „Нов ден”, „Млад Борец”, „Иднина”, „Современост”, „Хоризонт” и сатиричниот весник „Остен”.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.