ОД МОЈ АГОЛ: Животот е пред нив, да ѝм го дадеме најдоброто!

73

Вчера, 11.12.2022 година, во Ереван се одржи Детската Евровизија, на кои настапија претставници од 16 европски земји. Фестивал, кој по многу елементи е подобар од “вистинската” Евровизија, и на кој сфаќаме дека децата секогаш имаат “повеќе да кажат” од возрасните. Настапи и нашата претставничка екипа, составена од Лара, Ирина и Јован и ја испеаја песната “Животот е пред мене” .

Медиумите оваа година обрнаа малку повеќе внимание од обично, затоа што Лара е ќерка на нашиот светски маестро Симон Трпчески. Недоволно, но сепак информацијата кружеше во јавноста.
Мојата замисла беше да ги истретирам медиумски, но по враќањето, секако не затоа што очекувам победа, туку затоа што нивниот музички живот треба да почне токму сега. А не тука за заврши.

Непосредно пред самата Евровизија се фатив во размислување кој е подобар пат за еден млад уметник – дали да влегува во натпревари каде веднаш те запознаваат но и каде се добива но и се губи, или индивидуално, како Симон, да се пробива сам со свои сили и да реализира подоцна со многу труд, но по свој пат и без да се става себе си во некаква натпреварувачка ситуација, за да те споредуваат со некого, да добиваш или губиш..

Каде има поголема убавина, во кој од овие две патишта?

И двата патишта се нешто кое вродува со плод. Некогаш се калиш сам, некогаш се калиш кога си во “борба” со други. И, тоа е одговор кој нема точно прашање. Еден вид одговорот ми дојде неколку часа подоцна. Кога ми се појавија неколку несензитивни и несоодветни на детската возраст наслови од типот “Лара, Ирина и Јован, завршија на 14. од 16 земји”…
Зар е тоа толку важно?
И дали е тоа најважно?
А доколку победеа насловите ќе беа “Македонија победи на Детска Евровизија”?, без да се нивниот имиња во наслов?
Демотивирачки е кон млади личности кои сега поддаваат раце кон вистинскиот живот, кон иднината, да бидат сведени на пласманот кој го освоиле, а се претставиле прекрасно.
Евровизија има токму толку позиции колку што има држави учеснички, и некој ќе биде прв некој ќе биде трет, некој ќе биде последен. Концептот на овој настан е земјите да се дружат и запознаваат меѓу себе, да ѝм се отвора шанса за понатамошни соработки.
За илустрација, некаде кон последноте места заврши и дуетот на кантавторката Магдалена Алексовска, која понатаму не само што доби грст меѓународни награди, настапи во Карнеги Хол и сега студира на најпрестижниот музички колеџ во Америка. Место за неа во медиумите овде немаше, а на учества за аудиции беше оквалификувана како недоволен талент, тој наш блескав супер талент.

Но, она за што засекогаш ми е прва слики а за за Детската Евровизија е следново.
По некоја случајност Татјана Гогоска (која го основа овој портал) како тогашна уредничка во Детската Редакција беше потписничката од МТВ на првото учество на Македонија на дДетска Евровизија. Беше и Шефица на делегација, и со неа ги постигнавме и највисоките пласмани и последно место. Но, во сите тие изданија не дозволуваше произволно медиумите да пишуваат нешто што би ги повредило децата. Инсистираше да се поддржат учесниците. Првата нејзина реакција беше на текст во кој една од балерините беше нападната дека се издвојува од другите затоа што е повисока и што ако на девојчињата им откаже гласот на самата сцена?

Гогоска отиде лично во Редакција на дневен весник да се справи со ова, со лут тон. Лично знам зашто по неа отидов јас кај мојата колешка која го напишала, а колешката сфати дека направи грешка … Тоа треба да ни е пример како во иднина треба да бидат заштитени младите таленти и во медиуми и не тука да заврши, сега треба да почне нивното присуство во медиумите и на сцената, се разбира.

Валентина Ѓоргиевска Парго, новинар и уредник на “КулАрт”

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.