Кон целосна инклузивност на основните училишта во Општина Аеродром

117

Кординаторите на иновативната иницијатива “До зголемена инклузија” како претставници на граѓанското Здружение за значење на еколошкото образование во осовременување на образовниот преоцес (ЗЕОООП), упатија пораки до носителите на одлуки и до градоначалникот на општина Аеродром за важноста од исполнувањето на нивните ветувања дадени за време на предизборната кампања.

Тие особено се осврнаа на ветувањето за модернизирани училишта со лифтови за пристап на лица со попреченост за секое училиште и зголемување на можностите за нивно активно вклучување во општеството.

Согласно јавните документи со кои располагаат претставниците на здружението ЗЕОООП, може јасно да се констатира дека е спроведена постапка од мала вредност за набавка на услуги – Подготовка на проект за поставување на лифтови за деца со посебни потреби во ООУ “АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ” и ООУ  ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ  и потпишан е Договор за набавка на работи – ПОСТАВУВАЊЕ НА ЛИФТ ЗА ДЕЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ ВО ООУ “АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ“  И
ООУ “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“.
Донесена е и одлука за јавна набавка објавена за ООУ Лазо Ангеловски а во  договорот утврден е начин, рок и место на извршување на услугите.

Рок за испорака на договорените активности е 23.03.2023 год ООУ “АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ”  и OОУ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ а 20.07.2023 год за ООУ “ЛАЗО АНГЕЛОВСКИ”

Овие информации може да ги добие секоја заинтересирана страна преку Барање за информации од јавен карактер. Сите информации кои ги побара здружението ЗЕОООП во врска со мониторираното прашање веднаш беа писмено доставени, со што се потврдува транспарентното работење на Општината.

Градоначaлникот на општина Аеродром истакна: “Најголемото училиште во Општина Аеродром и во Македонија станува целосно инклузивно. Преку инвестиции во основното училиште „Лазо Ангеловски“ образовниот процес го правиме подеднакво достапен за сите ученици. Со последните инвестиции, ова основно училиште добива нова сензорна соба и пристапен лифт за учениците со попреченост, а во изминатиот период училиштето беше опремено со инклузивни рампи, знаци и други инклузивни елементи.

Градењето инклузивна општина и инклузивен образовен процес е обврска која ја поставивме пред нас. На територијата на Општина Аеродром, „Лазо Ангеловски“ е училиште со најголем број дечиња со попреченост, со што дополнително се потврдува важноста на оваа инвестиција, затоа што таа значи и чекор напред во обезбедувањето еднакви услови за сите ученици. Преку инвестициите во проекти за дечињата создаваме услови за соодветен развој и безгрижно детство за нив.

Средствата за инвестицијата за лифтот во вредност од 4 милиони денари се обезбедени од буџетот на Општина Аеродром, а опремувањето на сензорната соба ќе биде донација од општествено-одговорна компанија.

Иновативната иницијатива “До зголемена инклузија” се спроведува во рамките на проектот “Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија”на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Овој текст е изработен во рамките на проектот “Поддршка за изборни реформи” на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС).

Искажаните ставови, мислења и содржини во овој текст не мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.