LICENTIA POETICA со Флутур Мустафа – Солзите-невини бисери на една убавина што секој ден цвета

863

Флутур Мустафа е родена во Улцињ, Црна Гора на 25.8.1994 година. Дипломирала право на Универѕитетот во Приштина каде што и живее. Ги објавила поетските збирки  “Pertej Lajthitjes”, “Na dy” i „Andje”. Остварила неколку филмски и театарски улоги во Црна Гора и во Косово.

 

LA CRIMA DESPERANZA

Ми рече дека од борабата

излегла со Пирова победа.

 

Бев подготвена тука да ја оставам,

да се провлекува

иако скршена

повеќе од мене ќе живее.

 

Се вратив

со сила повлеков кон себе

надеж…

 

ВИКОТ НА ЗАКОЛНУВАЊЕТО

Времето не фрла во  канџите на заборавот

а ние како на Бог му се молиме.

 

Во некој агол не остава сами

како безвредни предмети.

 

А ние, пак го заколнуваме

да се врати.

 

 ЕМОЦИЈА

 Кристалот што паѓа

го мие слаткиот грев

на секоја душа

на секое срце

на секоја невозможна љубов.

 

Солзите

невини бисери

на една убавина што секој ден цвета

и потоа свенува

и очајно

без запирање

отчукува во мене.

 

Препев од албански на хрватски: Ќазим Муја

Препев од хрватски на македонски: Филип Димкоски

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.