14 јули 1789-Започна големата Француска револуција

1908

На 14 јули 1789 година, народот на Париз го освоија злогласниот затвор Бастилја и ги ослободија затворениците, со што почна Француската револуција . Овој ден се слави како национален празник на Франција.

Француската револуција е движење што ја потресе Франција меѓу 1789–1799 и претставува период на голема политичка и општествена промена во француската политичка историја, но и на Евроа  во целина. Во неа, француската структура на власта, претходно апсолутна монархија со феудални привилегии за аристократијата и католичкото свештенство,  претрпела радикална промена во форми инспирирани од просветителските идеали на република, граѓанство и неотуѓиви права.

Овие промени биле проследени со насилни немири, вклучувајќи и масовни егзекуции и репресија за време на таканареченото Владеење на Теророт, како и со француските револуционерни војни, кои ќе зафатат голем дел од континентална Европа , со создавање на краткотрајни француски клиентски држави (сестрински држави) и менување на европските граници.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.