LICENTIA POETICA со Јасмин Адемовиќ-Столбовите на верата ќе го држат мостот….никој не треба да биде тажен

1217

 

Уредник на рубриката: Филип Димкоски

 

Јасмин Р. Адемовиќ е роден на 4.8. 1992 година во Суботица каде и денес живее и работи. Се стекнал со звање економист од областа на менаџментот и лиценциран царински застапник. Поезијата го привлекла уште во детските денови, но дури последниве неколку години активно се занимава со пишување. Освен поезија пишува и кратки раскази и есеи. Песните му се објавувани во Суботичке новине, во електронски и печатени зборници, рецитирани на радио. Член е на  Српскиот културен центар „Свети Сава“, Клупот на поети „Орфеј“, Здружението на балкански уметници и книжевната секција „Склога“. Сите овие здруженија дејствуваат во Суботица. Претседател е на огранокот во Суботица  на Сојузот на книжевници-СКОР од Нови Сад, државјанин на Поетската република (Банатски културен центар, Ново Милошево). Со книжевност се занимава и неговиот татко Рамит Адемовиќ Љубињец.

ВЕРА

Нечесниот повторно завера готви

смртниците веќе немаат надеж

душата мирна сонлива дреме

додека судбината повторно страници пишува.

 

Солзи, патила, болка и тага

Продираат силно во твоите гради

Немаме среќа, брат, ни другар

Светлото на крајот од тунелот ме буди!

 

Столбовите на верата ќе го држат мостот

Никој не треба да биде тажен

црвот на сомнежот ти ја глода коската

се вика враг, ѓавол или шејтан.

 

Со божја помош прошка побарај

таму каде залутаните одат по време

немој гордоста да ти е подрага

злата крв го рашири своето семе.

 

Со чисто срце повторно така  ќе е

над универзумот ангел бдее

што е што се случува

заштитникот изгледа одамна спие.

 

Еднаш падна, но ќе стане славно

Војникот на верата за луѓе што се бори

Постои мисла-датира одамна

Колку си подобар, луѓето се повеќе се зли.

 

Со сигурен чекор и крената глава

кога најпосле ќе дојде последниот час

само тие што Бога го слават

препознавајќи вера, наоѓаат спас.

 

ЕП ЗА РАСПАЃАЊЕТО

Дојде некое време многу тажно

се што беше свето, сега е

секаде околу нас, разврат, неморал и блуд

подгответе се добро-не чека страшен суд.

 

Домови се рушат, брат на брат крева рака

паѓаат мостовите на вистината, на лагата и отвораме врата

со срцата завладеаја сили мрачни

горски се пораките…изгледа и точни….

 

За ништожност, душата на ѓаволот се продава

раните болни се посолуваат, масло на огнот се додава

честитоста своја колку можеш повеќе задржи ја

поверувај му на овој човек кој…очајнички пишува…

 

Со смеа избркај ја маката, со добро победи го злото

верувај, кој високо лета, прв го допира дното

борбата за правда кон исправното стреми

прости секому-во просшката верата лежи.

 

СКИТАМ

Скитам,

Стигнувам дo суводолицата

Смуртена сневеселеност

Сече

Сам се среќавам

Со сатенски сили-

Свиленкасти

Самракот се спушта

Сестрано.

Сосема сам седам

Себично среќен

Сигурноста сретнува

Само спорадични сенки

Сутонот ја создаде

Солзата на сиромашното…

…срце…

Превод и препев од српски на македонски: Филип Димкоски

 

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.