Licentia poetica со Леа Радловачки -…Младата ружа падна во последен сон, гушната од сувата слама што шушти…

1235

Уредник на рубриката Филип Димкоски

Леа Радловачки  е новинарка и поетеса од Нови Сад, Србија каде работи како координатор на „Дневниковото училиште по новинарство“ и како уредник на младинската страница „Твој лист“ во дневниот весник Дневник.

Има работно искуство и како новинар на Радио телевизија Војводина и на ТВ Прва. Добитник е на наградата за најдобра новинарска статија во печатен медиум, а поврзана за професионалното известување за сиромаштијата и социјалната исклученост. Наградата ја доделува Европската мрежа против сиромаштија.

Поезијата е уште една боја во разнобојниот свет на Леа Радловачки. Ви претставуваме три нејзини песни. Пријатно читање.

 Ако одам млада

Утринската роса ладно и нежно ги гали

нашите бели ружи крај оградата во градината

не насетувајќи дека времето немилосрдно ги гази

или дека, пак, живеат само во мојата мечта.

 

Првиот сноп сончев сите жбуње ги коси

со намера цел цвет да се згрее

но, наспроти тоа, ветрот упорно носи

и се подалеку свири, се погласно се смее.

 

Младата ружа падна во последен сон,

гушната од сувата слама што шушти,

не ни дочека да заврши нејзиниот ден

додека крај неа нова ружа гранче пушти.

 

Ја снема, и секако заборавена ќе биде,

место неа, новата ружа латици шири

в зора и со ладна роса ново утро иде

додека денот со првиот венеење не се смири.

 

Ако млада одам, баш како оваа ружа

ако не го дочекам утре, ил следниот ден

сеќавањето на мене нема да трае подолго

секога е така, не прашувајте од каде знам.

 

Тишина

Тишната најмногу нека збори

некогаш од молчењето знаење гори

па што тогаш толку нѐ крши

нѐ тера на плач и не мори.

 

Зар не умее тишината да биде нежна

слатка, невина и за сите питка?

затоа некогаш е баш неизбежна

и не најјасна и не баш читка?

 

Кога си мал тишината те плаши

кога ќе пораснеш исто бива

кога сите молчат ти со раце мавтај

така на сите кажи им што ти се збива.

 

Тишината за некого сеедност значи

се подразбира, што да се каже

ако ти е тешко, барем плачи

иако и тогаш молчиш, помалку се лаже.

 

Тишината умее да раздвои двајца

засекогаш од среќата да ги скрие

но така бива и кога само твоето

или само моето срце поинаку неќе.

 

Треба да се молчи кога баш ќе е тешко

ретко, колку да се знае дека и тоа постои

со тишина најлесно се пушта некој

да оди и веќе в срце да не стои.

 

Не сакам тишина. Се уште ме плаши.

Се плашам што се во неа се крие.

Па кога ќе тргнат ваши или наши

Дури тогаш до молчење не ми е.

 

И немој ти странецу, никогаш зборовите да ги криеш

тоа уште поголеми странци нѐ прави

раздели одма кој ќе биде прв

затоа што тишина веќе никогаш заради никого нема да трпам.

 

Херои

Дали се раѓаат или низ животот такви ќе се створат

но херои се оние што снажно се борат

со насмевка пред себе на тагата и стрчат

не бараат изговори , и само напред трчаат.

 

Не даваат јавето ноќна мора да им биде

а за големите чекори најважна им е волјата

со која светот го бојат со весели бои

тука се и за другите, со сите сили свои.

 

Во борбените  редови се нивните имиња

и секогаш се дел од праведните пламења.

Херои се луѓето кои другите ги пазат

низ животот, иако лебдат, сепак храбро газат.

 

Нив треба да ги гушкаш и намсевка  да им даруваш

и нив треба да им шепотиш и од лудите да ги чуваш.

Знајте дека некогаш во темнина ќе ги пронајдете

можеби стојат единствени, но сами никогаш не ќе ги најдете.

Избор и препев од српски на македонски јазик: Филип Димкоски

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.