Зоран Шолаја- Кратките раскази и поезијата како креативен предизвик

568
Кога литературата ќе бидe дел од вас а професијата ќе ве одведе на друга страна, креативноста и поривот за пишување сепак нема да запре. Така се случува и со Зоран Шолаја, роден во Карловац (1970) . По зaвршување на економскиот факултет во Белград, ја завршил и специјализацијата за туризам на Израел. Сега работи како професор во средното економско училиште во Белград а литературата со специјалност кратките раскази и поезијата се дел од неговиот живот.
Веќе има објавено збирка на кратки раскази со наслов „Алгерно“, а неговите творби се објавени во 10 Зборници, антологии а учествувал и на поетскиот европски  шампионат во Романија. Негови кратки раскази се преведени на унгарски и романски јазик, а објавува во Хрватска,Црна Гораи Србија. Зоран Шолаја како автор е член на World Literary Academy.
Kulart.mk е Портал за културата, уметноста и сите убави страни на животот затоа по првата интернет средба одлучивме да споделиме дел од творештвото на Зоран, кој тематски е предизвик во сите минати, сегашни и идни времиња
Краток расказ

За полтроните и бенефицираниот работен стаж

-ако сум за нешто, тогаш сум за тоа

-пред се, се разликува од обичниот вработен човек

-тој не носи работа дома, носи се, освен рбаота

-интриги, сплетки, трачеви а тоа е потешко од работа

-тоа би рекле дека е вид на целоживотна активност

-најдобар е роден полтрон или оној со наследен фактор?

-ним ништо не им е тешко

-затоа што со раѓањето го изгубиле својот став

-а генерално, за што служи ставот?

-го докажуваш карактерот а ја губиш работата-глупо нели?

-тоа е работа кога човек е секогаш “на нозе“

-и така оди по свое мислење

-биди актуелен со информациите

-квалитетно сплектари

-прислушкувај

-троши го телефонот на сплетки

-и зарем е фер да бидеш работник кои ја работи само својата работа?

-само на шефот колку убави комплимменти мораш да му дадеш

-па на неговиот џемпер

-чевлите

-фотографиите

-а кога ќе дојде до смена?

-бессони ноќи како да се улижуваш на „новиот“

-па плукање по „стариот“

-повеќе интриги и водење отколку во “старите” , прво “нова” се уште мисли дека е “стара”

-повторно се сеќаваш на  родендени

-благодарност за  фустани и панталони

-пробивај се во првиот ред од прославата на компанијата

-секогаш троши нешто што се користи да бидеш човек

– затоа е добро да имаат бенифициран работен стаж

-за да отидат подалеку за да  гледате  повеќе.

 

Превод од српски Татјана Гогоска

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.