Licentia poetica со Наталија Неделкова – Но, без да го напуштиш познатиот брег како ќе знаеш дека има други мориња  

546

Наталија Неделкова е родена во 1969 година во Русија. Од 1984 година, живее во Бугарија. Дипломирала полска филологија на катедрата за словенска филологија на софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“. Таа е новинарка, преведувачка и поетеса. Претседателка е на Творечката комисија при Бугарската писателска асоцијација, член на Сојузот на писатели што пишуваат на руски во Бугарија, член на Сојузот на преведувачките на Бугарија. Преведува од руски, полски, македонски, црногорски, хрватски и други словенски јазици на бугарски и обратно.

Нејзини дела и нејзини преводи се објавувани во различни изданија во Бугарија и во странство. Автор е на самостојните поетски книги: „Во театарот на сенките“(„В театъра на сенките”,2014)…..кон небото“( „Перила към небето”, 2017 г), „Оној зад вратата“(„Онзи зад вратата“ 2019 г), на заедничката двоејазична збирка на бугарски и на руски јазик со поетесата Валентина Сергеева „Таму, по зимата“(„Там, за зимой” /“Там, след зимата“)објавен во Санкт-Петербург.

Носителка е на наградата од Меѓународниот конкурс „Соѕвездие на духовноста“  во Киев, Украина, 2019 за трето место во категоријата „Литературен превод“, диплома од Творечкиот сојуз на писателите на Грузија во Тибилиси-за високо писателско мајсторство, и одликување од писателите на Казахстан за преводи на современата балканска поезија. Лауреатка е на наградата „Кнегињата на руската поезија“, посветен на 130 години од раѓањето на руската поетеса Ана Ахматова.

 

ДОБРАТА НОВОСТ

Се фаќаш за добрата вест

како давеник за сламка

за да не потонеш во океанот

на Вселенската тага.

 

Сламка, по сламка, се свива гнездо

од кое ќе се испили

Сината птица

Или гулабот.

Кој ја покажува вистинската насока

кон коработ на спасението.

 

Патот кон добриот свет.

Светот на добрите новости.

 

КОТВА

Сакаш да го знаеш

точното значење на секој збор.

Правилната употреба им е

онаа котва на надеж,

која го држи битието

во рамките

на аксиомната логика и

општоприфатените мерки.

 

Но без да го напуштиш познатиот брег,

како ќе разбереш дека има

и други мориеа

дури и океани,

на една семантика

без дно?

***

Шест дена пишува херојски еп без нацрт.

На седмиот ден-го препрочита ракописот.

Потоа децидно рече-комедија.

Но сепак-Божествена.

 

Превод и препев од бугарски на македонски јазик: Филип Димкоски

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.