Licentia poetica со Рефика Дедиќ – Ја допрев среќата со очите на љубовта

592

Уредник на рубриката Филип Димкоски

Рефика Дедиќ е родена во Баг, општина Бужим, Босна и Херцеговина  во скромно Босанско смејство. Основно училиште завршила во родното место, средното училиште во Бихаќ, Педагошка академија во Бања Лука а Филозофски факултет во Загреб.

Објавила четири поетски збирки. Многу песни и се објавувани во збирки од меѓународен карактер. Член е на повеќе здруженија меѓу кои „Здружение на босанските уметници“-Сараево, Култура снова-Загреб, Провиденца-Биоград на море, Хрватско книжевно друштво-Риека, на здружението „Златна кочија на стихови“ во Сисак и други.

Работи како професор по босански јазик.

Ви претставуваме поезија од нејзината најнова поетска збирка „Со кафе-разговор“.

 

НА УНА

На мостот

на средбите

и на разделбите

на катанците на сништата

 

Упатив поглед

во длабочината на зеленилата

каде сонцето се симна

и починка си најде

 

Јато птици долета

се напи голтка

ја испи

одлета

 

Опиена со спокој

носена со зеленилото

се најдов

на плоштадот на трпеливоста

 

Гласот на муезинот

Волшебство

Звуци на камбаните

Хармонија

 

Патишта

во чест на самобитноста.

 

Отпечатоци

на непосветеност

нејаснотија

се раширија околу мене

 

Дождот на возбудата

го испиша

патот

од мене до Уна

и Уна во мене.

 

ПРИЈАТЕЛИ

Уна и јас

јас и Уна

два пријатели

со мисли патуваме

низ кањононот на отчукувањата

со стуткана карта на среќата

во џебот на грешките

 

изгубени делови на душата

несфатени

патуваат

удари примаат

 

Уна

жубори

гргори

 

Одеднаш

силата ја изгубив

во реката на зеленилото

 

Уна ја виде

мојата немоќ

ме фати за рака

ме фрли на брегот

 

погледите

рекоа се

насмевките од среќа

полетаа

 

И гледај,

од ништо предизвикана

ме остави

да го живеам

сопственото ЈАС

 

нурна во длабичоните

и ги однесе

спомените

од паднатите илузии

 

СРЕЌО, КАДЕ СИ

Сончевите зраци го милуваат лицето

ветрето крадешкум зема бакнежи

 

Во далечината планинските врвови

кон небесна прегратка стремат

 

гласовите на (не)комуницирањето одѕвонуваат

сенките на дружбата со валцер поздрав праќаат

 

Брановите со кратки бакнежи ги споија бреговите

облаците да го следат небото во синилото тргнаа.

 

Со наклон на барањето

се вртат во круг сеќавањата

 

Мислите слегуваат низ камењата

далгите заплиснуваат со зборови на охрабрување

 

Се издвојувам од купот соништа

во еден куп наредени

 

Во друштво со семе

измамив насмевка

 

Ја допрев среќата

со очите на љубовта.

 

Избор и препев од босански јазик: Филип Димкоски

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.