LICENTIA POETICA со Жана Ковен -Додека  телата наши в жар се разгоруваат, сите песни на светот за нас зборуваат

1192

Уредник на рубриката: Филип Димкоски

 

Жана Ковен родена е во Сараево каде што го минала своето детство и дипломирала англиски јазик и книжевност. Потоа студирала романистика во Белград, за подоцна да отиде во Милано, Италија каде го продолжува да се надоградува. Работела како педагог, преведувач и културен медиатор. Пишува од раните детски денови.. Омажена е и мајка е на еден син. Сега се занимава со музика, преведување и културолошки проекти. Пишува поезија, кратка проза и патеписи на хрватски, српски и босански, англиски, италијански и шпански јазик.  Ги објавила поетските збирки Zaboravljena u stihu (БХС јазик), Еntre sol y sombra (на шпански јазик) и Lo dico alla lunа (на италијански јазик). Нејзината најнова збирка е насловена „Jedna ljubav“. Песните на Жана Ковен се објавени во повеќе зборници, антологии, списанија и блогови, а преведувана на македонски, руски и урду  јазик. Хаику поезијата и е објавена во јапонското интернет списание Asahi haikuist network. Добитник е на неколку значајни награди. Живее на релазија Милано-Барселона.

НЕИМАР

Ќе го завиткам твоето срце

Околу моето

Тивко и полека

Онака како то дрвото

Се свиткува од ветрот

Нечујно

Со тек на времето

Со бакнежи нежни

Ќе ти ја избраздам кожата

Со моја ме гушкаш

Упорно и без престан

Како што капките

Ја резбаат карпата

Со релјефот на моќта

Со тивка сила

На неречената страст

Од оваа љубов лелеава

Ќе изградам замок

На изворот на животот

Да биде вечност.

СТИХ

Ти поет не си

И зборовите твои

Љубовта моја

И убавината

Не ја слават

 

Сонетите нежни

На усните мои

Стихови твои

Не сакаат да стават.

 

Но твојата љубов

Што глас нема

Со уметноста своја

Топло ме прегрнува

Прегратката твоја

Што за мене се спрема.

 

Најголема среќа и дар тоа е убав

со прсите тивко стихови пишуваш

ги везеш вешто по мојата кожа

додека крај мене љубов вдишуваш.

Зенесот тивко во нас се множи

и така песната се раѓа сама

додека телата наши в жар разгоруваат

додека и темнината не гали

сите песни на светот

за нас зборуваат.

 

НИРВАНА

Чекам да полетаат птиците

од твојот образ.

Во летот да го откопчаат

Летото на моите гради

Гнездо да свијат

Од топли зраци,

Во твоите раце

Полека да се вгнездам

И со мекоста на кожата твоја

Да се покријам

Тука да сонам

Ѕвезден сон

Кој на прегрнати

Нè носи во вечноста.

Избор и препев од хрватски: Филип Димкоски

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.