„Тајните архиви на Скопје„ -филм која ја носи душата на градот покрај Вардар, меѓу оние кои тоа Скопје го носат во срцето

978

Поради големиот интерес и преполната сала во Кинотека на првата проекција на видео колажот “Тајните архиви на Скопје“ чест ни е да ве поканиме на втора проекција во Кино Култура на 17.11.2019 ( недела) од 20:00 часот.

Носител на проектот „Тајните архиви на Скопје„ е НУФЦ Вардар Филм, кој има за цел зачувување и афирмација на материјалното и духовното современо културно наследство на градот Скопје. Покрај зачувување на овие материјали како културно богатство на градот, проектот има за цел да им се претстави и доближи на младите генерации Скопје од пред неколку децении. Едно Скопје полно љубов, едно мирно Скопје кое во исто време во себе го содржи целиот жагор на скопјани. Целта не е само визуелно (преку снимки) да им го претставиме градот на новите генерации, туку и на емотивно ниво да го разберат животот на скопјани. Проектот е инициран, конципиран и координиран од Катерина Габунија, дигитализацијата и дигиталната обработка се на Александар Трајковски, обработката на тон е на Сашко Потер Мицевски, а гласот на Дарко Ристовски.

За колажот од видеа, селектирани се материјали од десетина семејства. Материјалите се од различен тип: родендени, свадби, прошетки,излети во и околината на Скопје. Во нив се бараше белегот на градот, На-ма, Кермес, Дебар Маало со куќички, плоштадот со калдрма итн.Личната приказна на авторката Катерина Габунија, нејзиното детство и тоа што претставува овој град и начин на живеење за неа е надополнет со приказните од снимките .

.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.