Почетна КУЛТУРА Литература Лингвистички атлас на македонски дијалекти во рамки на меѓународниот проект ОЛА

Лингвистички атлас на македонски дијалекти во рамки на меѓународниот проект ОЛА

799

МАНУ го издаде Лингвистичкиот Атлас на македонски дијалекти, со околу 50 лингвистички карти на македонски дијалекти и наречја насекаде каде живеат Македонци. Тоа е во рамките на големиот меѓународен проект (ОЛА), за општословенски лингвистички атласи.

БАН (бугарската академија) веднаш реагирала поради изданието, но и поради жестоките интервјуа кои ги дадоа во одбрана на македонскиот јазик, Акад. Коцарев -новиот претседател на МАНУ  и Акад. Марковиќ. БАН се заканила дека ќе излезе од проектот, иако во неколку наврати пред се од политички нереални аспираии и претходно го напуштала овој проект ОЛА.

Одговорот на претседателката на овој престижен проект е, дека си продолжуваат да се бават со наука, а не со политика.
За атласот, кој е исклучително вредно дело Акадмеик Коцарев вели : „ Постојат редица примери на јазици што се многу повеќе слични од македонскиот и бугарскиот, но легитимноста на секој од нив никогаш не е оспорувана“ и во објаснувањето додава : „При прогласувањето на македонскиот јазик за „вештачки“, Бугарската академија на науките се потпира на две бесмислени тврдења: политичкиот карактер на македонскиот јазик и сличноста со бугарскиот јазик“.

Од друга страна, современиот бугарскиот јазик и современиот македонскиот јазик се кодифицирани врз основа на два географски оддалечени говори, кои се разликуваат по многу лингвистички карактеристики. Надополнувајќи го Виктор Фридман, член на МАНУ и на повеќе балкански академии, човек што знае повеќе од 20 јазици, кој во една пригода напиша „македонскиот и бугарскиот јазик се деца на истиот јужнословенски родител“, а земајќи ја предвид повеќевековната традиција и на македонските и на бугарските јазични разновидности, јас би додал: македонскиот и бугарскиот јазик се близнаци на ист јужнословенски родител, при што на компресираната временска скала од илјадници години во која годините се претставени со секунди, бугарскиот јазик е роден една до две минути пред македонскиот – вели Коцарев.

Проф. д-р Марјан Марковиќ, претседател на Националната комисија на ОЛА.

Марковиќ вели дека Меѓународната комисија на ОЛА зазела многу принципиелен став по повод писмото на претседателот на БАН и застанала во одбрана на научната вистина. – Македонскиот јазик, претставен преку 24 дијалектни пункта, е вклучен во тој најголем славистички проект уште од 1958 година кога беа поставени основните научни принципи на ОЛА. Токму во писмото на Меѓународната комисија на ОЛА се наведува дека Меѓународната комисија нема да отстапи од тие принципи и дека политиката не може да влијае врз нејзината работа. Уште еднаш подвлекувам дека Бугарската национална комисија го напушти проектот ОЛА во 1982 година и не учествуваше сè до 2005 година, а македонскиот јазик и неговите дијалекти целиот период од над 60 години рамноправно се проучуваат и картографираат заедно со сите други словенски јазици.

Неприфаќањето на тие меѓународни факти од страна на БАН и Бугарската национална комисија при ОЛА може да биде само нивно внатрешно прашање и „духовна болка“, додека во меѓународните научни институции, а особено во славистичкиот колектив на ОЛА, рамноправното учество на македонскиот јазик воопшто не е и нема да биде предмет на никаква научна дебата – вели Марковиќ.

metropolis-big