Македонскиот филм „Скаут“ пред светската филмска јавност

1157

На престојното 23. издание на фестивалот „Л.А. Шортс“ во официјалната конкуренција ќе биде прикажан македонскиот филм „Скаут“ во режија на Алекс Цветков. „Л.А. Шортс“ е официјален квалификациски настан за награда на кратките филмови на Британската академија за филмска и телевизиска уметност (БАФТА). Победниците на фестивалот имаат право да освојат „БАФТА“ а најголем дел од филмовите селектирани на овој фествал речиси секоја година се дел од селекцијата во трката за престижниот „Оскар“. Вкупно 54 филмски режисери од селекции на овој фестивал заработиле номинации за „Оскар“ , а 15-тиот ја освоиле таа престижна статуетка.

Филмот „Извидник“ (Scout) на Алекс Цветков е во времетраење од 15 минути и е ултра модерна драма во која централен лик е преофесионалниот тркач со мотори Гус, кој во еден миг воден од преголеми амбиции ќе го загуби тоа што му најмило. Филмот е снимен во продукција на „Ново македонско видео“, односно Сашо Пешев од Македонија, а во копродукција со „МФ продукција“ на Игор Нола од Хрватска и Рок Цветков и Вања Сремац од Словенија.

 

Режијата и сценариото се на Алекс Цветков, а директор на фотографија е Дејан Димевски. Во филмот играат: Moses Gomes-Santos, Ula Furlan, Domagoj Jankovic, Robert Spanic, Hoji Fortuna.

 

„Скаут“премиерно беше прикажан на затворањето на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, 2018-та. Меѓународниот филмски фестивал „ЛА Шортс„ е најпрестижниот фестивал за кратки филмови во светот и е акредитиран од Академијата за подвижни слики уметност и науки, Британската академија за филмска и телевизиска уметност и Академијата за канадска кинематографија и телевизија.

„Л.А. Шортс“ е најстариот филмски фестивал за филм до 45 минути. Секоја година го посетуваат повеќе од 8.000 луѓе вклучувајќи голем професионалци во индустријата во Холивуд и неоткриени независни филмаџии.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.