Започна 10-тата Ликовна колонија „Вевчански видувања“ со единствена порака -Да живееме најубаво кога е најтешко

1374

Вевчанските извори, со својата природна убавина и непокор, 10-та година по ред, ќе бидат инспирација и место каде што ќе творат еминентните уметници од Балканот и Европа, кои учествуваат на меѓународната ликовна колонија                   „ Вевчански видувања“ 2019-та.

Годинава на меѓународната колонија која ќе трае две недели, покрај домашни има уметници од Србија, Русија, Хрватска, Бугарија, Франција, Грција и Полска, вкупно 35. Вевчани, а од тука и нашата држава се повеќе прераснува во културен центар прифатен од домашните и странски уметници.

 

Врвните уметнички дела кои се раѓаат овде и годинава ќе бидат претставени на изложби надвор од границите на нашата држава.

Луѓето се секогаш заинтересирани за Македонија и за Блаканот, истражуваат во однос на овој дел од Европа за културата и традицијата изјава Ефимија Угриноска-организатор на Ликовната колонија,па и Вевчани секојдневно е посетувано од голем број туристи.

Во знакот на децениското постоење на Колонијата, беа доделени одличија „Плакета порта“ на истакнати уметнички имиња. Да живееме најубаво кога е најтешко,за тоа треба да твориме, да се дружиме, да не се отуѓуваме. Убавината ќе го спаси светот-велат уметниците , учесници на јубилејната ликовна колонија .

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.