Mанифестацијата “Мал битолски Монмартр“ ги објави наградите за 2020. година

911

Стручното жири на меѓународниот детски ликовен конкурс за 38-та Светска изложба и 39-от „Мал битолски Монмартр“ ги избра најдобрите ликовни творби за годинашната манифестација. Жирито додели вкупно 364 награди на меѓународниот конкурс „Битола 2020“.  Резултатите се објавени на веб-страницата www.smallmontmartreofbitola.com.


На конкурсот, кој траеше до 20 февруари, учествуваа околу 300 училишта, ликовни студија, градинки од 33 држави, со над 15.000 детски цртежи. Стручното жири од вкупно пристигнатите творби додели награди за учество, за колекции, златни палети и дипломи и селектира 717 најдобри дела за 38-та Светска изложба, која ќе биде поставена и отворена на 23 мај и ќе трае до крајот на 2020 година.

Највисоката награда гран при првпат ја добива 18-годишната Марија Дима од Букурешт, Романија, која е неколкугодишна учесничка на „Монмартр“, а оваа година испрати своја колекција од 20 дела.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.