петок 6 декември, 2024
Почетна КУЛТУРА Театар Марјан Нечак со награда на Театарски фестивал „Марулиќеви денови “ во Сплит

Марјан Нечак со награда на Театарски фестивал „Марулиќеви денови “ во Сплит

Со доделувањето на фестивалските награди Марул, на сцената во Хрватскиот народен театар во Сплит, завршија 29-тите по ред Марулиќеви денови, на кој фестивал беа прикажани 12 драмски претстави во конкуренција за награди. Помеѓу наградените е и битолскиот режисер, композитор, основач на Подвижниот музички театар, Марјан Неќак, кој ја освои наградата Марул за претставата Девојчето со жиците, како најдобро уметничко остварување на овој фестивал. Оваа современа драмска опера на Неќак и Маја Хрговиќ, е дело каде музиката не e  само декор, туку и начин на комуникација.

Претставата е копородукциски проект на  Словенечкиот народен театар СНГ Драма Љубљана и Подвижниот Музички театар од Битола.

Претставата е копородукциски проект на  Словенечкиот народен театар СНГ Драма Љубљана и Подвижниот Музички театар од Битола.

Девојчето со жиците е претстава за слободата, уметникот, многу други интимни теми коишто ги имаме сите луѓе. Секој човек може да се поистоветува со самата приказна. Начинот на којшто ја градевме и ја работевме претставата е специфичен и бара малку повеќе време, една поинаква концентрација и поинаква љубов. Такви се актерите од Драма Љубљана, посебно тие што ги одбрав за да ја работиме оваа претстава кои беа исклучителни во смисла дека ова може единствено само со љубов да се направи, истакнува Неќак.

Драматург на претставата е Дарја Доминкуш  која своевремено истакна дека се работи за специфична и комплексна приказна за девојката која патува со воз низ Европа, а всушност целта и е месечината. Таа метафора, според драматургот, важи за сите луѓе  зашто, како што рече,  во секојдневието сите се трудиме да направиме нешто, да патуваме некаде, а во сето тоа брзање би сакале да заминеме на месечината, кон недостижното, кон она за што сонуваме и заради што создаваме музика и уметност.

Жирито на фестивалот во Сплит беше во состав-актерката Ана Шоваговиќ Деспот, режисерот Иван Плазибат, сценографот Динка Јеричевиќ, Ана Пролиќ-драматург, Дубравка Црнојевиќ Цариќ-театролог.

Улогите во претставата „Девојчето со жиците“ ги играат Барбара Церар, Урош Фурст и Бранко Штурбеј.Автор на стиховите во претставата е  Ана Бунтеска. Костимограф е Наташа Филиповиќ, а кореограф Жигањ Крањчар. Музиката, сценографијата и светлото се на Марјан Неќак.

Најдобра претстава во целина на фестивалот е Емет на Ивана Шојат, најдобар современ драмски текст е оној на Миро Гавран за претставата Секој твој роденден, наградата за надобра режија отиде кај Само М.Стрелец за претставата Емет, наградата за драматургија ја доби уметничкиот тим на претставата „Исправки на ритамот“, на Горан Ферчец Награди за актерски остварувања добија Олга Пакаловиќ и Никша Бутијер.

Покрај наградите Марул, доделена е и награда од публиката која отиде за претставата „Како започна војната на мојот остров на театарот“- Гавела од Загреб и ХНТ.од Шибеник. Жирито на читателите на весникот Слободна Далмација додели награда за најдобро актерско остварување на Синиша Поповиќ.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
.td-container, .tdc-row { width: 1095px }