Миланската скала после големата загуба во време на корона од 23 милиони евра, веќе се подготвува за новата сезона

984

Миланската оперска куќа Ла Скала досега изгуби 23 милиони евра поради пандемијата на новиот вирус со откажани 150 активности а се очекува сезоната да почне во септември.

– Поради пандемијата, откажани се 150 програми. За отворањето во септември се планира „Реквием“ на Верди, кој ќе биде посветен на настраданите и нивните семејства, изјави директорот на познатата оперска куќа Доминик Мејер кој  на директорското место на оваа престижна оперска куќа дојде пред неколку месеци, по водењето на Виенската опера.

Новиот директор подготви план за обновување на активностите и вели дека сезоната ќе започне само кога ќе биде сигурно дека вработените и посетителите ќе бидат безбедни во однос на здравјето.

– Треба да бидеме реални. Подготвивме програма во случај да може да биде изведена, бидејќи е можно растојание во продавница или ресторан, но тешко е во сала со 2.000 посетители и 350 вработени, рече Мејер.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.