„Момент документ“ и концерти за роденденот на Канал 103

169

„Момент документ“, од вечерва (1 октомври) е дел од колекциите на многу Скопјани, една импресивна книга со црно – бели арт фотографии на Зденко Петровски, од музичките настани одржани во Скопје изминативе 15-тина години, од 2007 до 2020 година.
Промоцијата на оваа елегантна книга, полна со фото естетика, во издание на МКЦ, беше увертира во вечерашната прослава на 30 години Канал 103.
Во фоајето на Кино Фросина беше организирана и придружна изложба на негови фотографии, човекот кој страсно и посветено ја живее фотографијата и музиката.
На роденденската прославата по повод 30 години постоење на независното радио „Канал 103 настапија и LELEE и Blaž од Словенија и нашите Shock Troopers, “Перија” , “Светлост” , Тодор Караколев и Луфтханза.
103-ка е култно радио во Скопје со авангардна содржина, низ кое поминале стотици креативци и вљубеници во урбаниот концепт на живеење, и придонело музиката и информациите од современата сцена од светот побрзо да се дисперзираат меѓу македонската публика.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.